Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • 06.09.2017

    НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТИРАНО ПОСЕБНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА „СОСТОЈБАТА СО...

    повеќе
  • 04.09.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

07.10.2016

07.10.2016, Скопје

НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО ОДБЕЛЕЖАНА СО ПОСЕТА И РАЗГОВОР СО УЧЕНИЦИТЕ ОД СУГС „ГЕОРГИ ДИМИТРОВ“ ОД СКОПЈЕ

Во рамките на одбележувањето на неделата на детето заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа го посети Средното Училиште на Град Скопје „Георги Димитров“, оствари средба со учениците со кои разговараше за нивното познавање за човековите слободи и права.

Посебен акцент на средбата беше ставен на познавањето на правата на детето и Конвенцијата за правата на детето, на кој начин децата го применуваат принципот на учество во училиштето, и нивните согледувања за правата на детето во воспитно-образовниот процес генерално.

Во разговорот со заменик народниот правобранител учениците информираа дека имаат избрано претседатели на клас, претставник на генерација, но изразија загриженост за тоа што изборот на претседател како претставник на учениците не секогаш е личен избор на учениците, туку и на класниот раководител. Во таа насока укажаа на потребата од нивна поголема вклученост во процесот на донесување на одлуките кои се однесуваат на нив, а во врска со образовниот процес. Тие исто така, потенцираа дека сегашната законска регулатива не го уредува правото на учество во училишни или вонучилишни активности, за кои тие се залагаат.

Заменик народниот правобранител Бајрамовска-Мустафа, ги информираше учениците за начините и можностите за заштита на нивните права кај Народниот правобранител, а подетелно зборуваше и за работата на канцеларијата на Народниот правобранител и неговите надлежности.


Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија