Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО...

    повеќе
  • 20.11.2017

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 13.10.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ 2017

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ЈАВНА ДИСКУСИЈА „СИВАТА ЗОНА ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА“ НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА 06.10.2016

06.10.2016, Скопје

ЈАВНА ДИСКУСИЈА „СИВАТА ЗОНА ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА“ НА КОЈА УЧЕСТВУВАШЕ И ЗАМЕНИК-НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА-МУСТАФА

Заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа учествуваше на јавна дискусија, на тема „Детските бракови меѓу припадниците на ромската заедница“ што се одржа во организација на Ромската организација за мултикултурна афирмација РОМА С.О.С од Прилеп, во Шуто Оризари-Скопје.

Во своето обраќање заменик-народен правобранител се осврна на праксата на институцијата во заштита на правата на децата, укажувајќи на незначителниот број претставки во врска со ова прашање, при што го потенцира влијанието на (вон) брачните заедници врз децата под 18 години, семејството и нивниот живот во целина.

„На средбите со граѓаните и со децата во училиштата при нашите посети, ги советуваме и ги информираме учениците за нивните права, но и за тоа како ова прашање е уредено во правната регулатива. Настојуваме превентивно да дејствуваат да ги одвратиме од евентуалната намера за рано стапување во брак и се обидуваме да влијаеме преку поголема информираност за штетните последици од раното стапување во вонбрачна или брачна заедница. Едно е да постои љубов помеѓу младите, а друго е прашањето што откако ќе започат заеднички живот? Колку тие се подготвени да одговорат на обврските од брачни односи, формирање на семејство, раѓање, растење и воспитување и одгледување на деца, наспроти остварувањето на нивните права, кои со стапување во брак/вонбрачен живот  остануваат заборавени – како што се правото на здравје, образование, работа, натамошно нагдардување и усовршување на момчето или девојчето“, потенцира г-ѓа Мустафа.

Не само во законодавството, туку и во имплементацијата на истото од страна на органите и институциите на државата, водечки принцип треба да биде најдобриот интерес на детето, а истиот во вакви случаи треба да го проценат надлежните, од случај во случај поединечно, и според заменик-народниот правобранител, Васка Бајрамовска – Мустафа, тоа сигурно не е стапување во брак со 14 или 16 години, односно без навршено полнолетство.


Пребарување

Кaлендар на настани

декември 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија