Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ АИВО ОРАВ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 29.06.2016

29.06.2016, Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ АИВО ОРАВ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител г.Иџет Мемети оствари средба со амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

На средбата се разговараше за важноста на владеењето на правото, создавање на услови за излегување од политичката криза, потребата од засилено спроведување на итните реформски приоритети особено од денеше аспект, а се со цел побрзо интегрирање  на Република Македонија во Европската Унија.

Соговорниците посебно се задржаа на состојбите со заштитата на човековите слободи и права, и зајакнување на инструментите и механизмите за промоција и заштита, при што народниот правобранител го информираше амбасадорот за неговата загриженост за нивото на почитување и остварување на правата на граѓаните во првите шест месеци од годината.

И двајцата соговорници се согласија дека реформите кои се однесуваат на институцијата, а кои произлегуваат од обврските преземени спрема Обединетите нации, Извештајот на Прибе и итните реформски приоритети на советот на министри бараат сериозен пристап со голема вклученост на повеќе чинители, со цел создавање на сеопфатен, и долготраен систем кој ќе гарантира ефикасна заштита на правата на граѓаните.


Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија