Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.03.2017

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИТЕ

    повеќе
  • 21.12.2016

    ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО...

    повеќе
  • 21.11.2016

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИOT ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СВЕТОТ И МАКЕДОНИЈА “ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОT МЛАДИТЕ, ЧУВАРИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА 14.05.2016

14.05.2016, Скопје

НАРОДНИOT ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОДРЖА ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА „ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ВО СВЕТОТ И МАКЕДОНИЈА “ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОT МЛАДИТЕ, ЧУВАРИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

„Многу често, кога ќе се споменат човековите права во секојдневното комуницирање меѓу граѓаните, може да се слушнат размислувања кои се движат во различни насоки: Едни размислуваат дека тие се добро поставени и се почитуваат, други граѓани сметаат дека функционираат само на хартија, а ги нема целосно во пракса, трети сметаат дека човековите права за нив се недостижни и не се чувствуваат еднакви со другите, односно дека општеството не им создава целосни предуслови за остварување на правата, а има и и граѓани кои само слушнале за права и тука застанува нивниот интерес.“

Ова меѓу другото го кажа народниот правобранител г. Иџет Mемети во своето  излагање на тема „Човековите права во светот и Македонија“ што во рамките на еднодневната обука се одржа во Скопје во организација на Едукативниот центар Борис Трајковски.

Според народниот правобранител г. Мемети, генерално гледано во слични насоки се движат и размислувањата на младите, во зависност од припадноста, социо-економската состојба, полот, родот, попреченоста, ранливоста и други карактеристики. „Ова е особено видливо по однос на можноста за пристап и практикување на правото на образование, социјална сигурност и заштита, здравствената заштита, еднаквиот третман, правото на работа и сл. Размислувањата се различни и кога се работи за можностите за нивно учество, активно дејствување и придонес, како за личниот, така и за општествениот развој, што се потврдува и со се поголемиот одлив или заминување на младите во земјите со развиена демократија и со подобар животен стандард, како и перцепцијата на младите дека повеќе ќе успеат надвор отколку во сопствената држава,“рече тој.

Инаку, настанот беше организиран од страна на Меѓународната фоnдација Борис Трајковски, како дел од проектот Млaдите,чувари на демократијата поддржан од амбасадата на Соединетите Амрикански Држави.


Пребарување

Кaлендар на настани

март 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија