Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН...

    повеќе
  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД НЕКОЛКУ СРЕДНИ УЧИЛИШТА СО ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ 05.05.2016

05.05.2016, Скопје

СРЕДБА НА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД НЕКОЛКУ СРЕДНИ УЧИЛИШТА СО ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Триесетина средношколци од СУГС „Орце Николов“, СУГС „Панче Арсовски“; СУГС „Јосип Броз Тито“,Јахја Кемал Колеџ Бутел; АСУЦ „Боро Петрушевски“ СУГС „Зеф Љуш Марку“; СУГС „Цветан Димов“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“ и членови на „Учиме право“ клубовите, предводени од нивните ментори при Младински образовен форум (МОФ), ја посетија Канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија во Скопје, каде што беа примени од заменик народениот  правобранител г.ѓа Васка Бајрамовска Мустафа.

Учениците на средбата се интересираа за мандатот и улогата на Народниот правобранител како орган за заштита на правата на граѓаните, начинот на избор на првиот човек на оваа институција и неговите заменици, за правата на граѓаните и најчестите повреди, со посебен акцент на правата на децата и младите во различни сфери, вклучително и во образованието. Воедно, споделија размислувања за квалитетот и содржината на образованието во однос на правата на децата, како и за различни теми и состојби во општеството кои ги засегаат и нив како млада популација.

Заменик народениот правобранител ги запозна учениците со поставеноста на Народниот правобранител, надлежностите и начинот на постапување по претставките на граѓаните или по предметите оформени по сопствена иницијатива, потенцирајќи ја важноста од поголемо учество и реагирање на средношколците во случаи на повреда на нивните права, а ги информира и за можноста да се обратат до овој орган заради правен совет или доставување претставка за заштита на  правата.


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија