27.04.2016
27.04.2016, Скопје
СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г.ИЏЕТ МЕМЕТИ СО АМБАСАДОРОТ И ШЕФ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ/ОДИХР ЈАН ПЕТЕРСЕН
Народниот правобранител г. Иџет Мемети оствари средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и неговиот тим за набљудување,следење и конторла на парламентарните избори во Република Македонија.
На средбата амбасадорот Петерсен беше запознаен со досегашната работа на Народниот правобранител во однос на заштитата на избирачкото право на граѓаните и преземените мерки и активности во изминатите изборни процеси. Имено, Народниот правобранител г.Мемети, го запозна амбасадорот со активностите кои институцијата ги презема за заштита на правата на избирачите како што е отворената телефонска линија за пријавување на притисоци и изборни нерегуларности,потоа и за покренатите постапки за заштита на избирачкото право на граѓаните , како и за констатациите и препораките од Годишниот извештај кои се однесуваат на остварување, почитување и заштита на избирачкото право. Тимот на амбасадорот Петерсен нагласи дека се запознати со содржината на постапувањето на Народниот правобранител и неговите извештаи во однос на остварување и заштита на избирачкото право.
Дополнително, Народниот правобранител го информира амбасадорот за соработката со граѓанските организации и воспоставената соработка за престојните парламентарни избори.
Двајцата соговорници ја истакнаа потребата од меѓусебна соработка во делот на мониторинг на целокупниот изборен процес како и остварување и заштита на поединечните изборни права на граѓаните.