Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН...

    повеќе
  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

06.04.2016

06.04.2016, Скопје

СРЕДБА НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА И НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СО РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО ДАУНОВ СИНДОРМ

Претставници на Одделението за заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби, учествуваа на работилница со родители на деца/лица со даунов синдром, на која ги информираа за надлежностите на Народниот правобранител, на која меѓудругото, родителите беа известени и за досегашното искуство и пракса на Народниот правобранител за промоција и заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби.     

Родителите на децата/лицата ги информираа претставниците на Народниот правобранител за секојдневните проблеми со кои децата и лицата со даунов синдром се судруваат во однос на образованнието, здравствената заштита, социјалната заштита, вработувањето, правата од пензиското и инвалидскоТО осигурување и сл. Во таа насока, родителите на децата со даунов синдром нагласија дека децата со даунов синдром мораат секогаш да имаат придружник кој ќе им помогне полесно да се движат, односно да се ориентираат во просторот, но и физички да им биде поддршка поради карактеристиките на синдрoмот.

На средбата беше заклучено дека иако, образованието е инклузивно на децата со посебни потреби, во кои се вклучени и децата со даунов синдром, сепак во пракса децата се уште се соочуваат со потешкотии во остварувањето на овие права. На пример, децата со даунов синдром и покрај нивните намалени интелектуални капацитети и посебните индивидулани образовни планови по кои ја следат наставата,подложат на екстерно тестирање. На средбата беше нагласена потребата од вработување на дефектолог во секое училиште за работа со децата со даунов синдром во образованието, со што ќе се подобри моменталниот концепт на работа на дефектолог, еднаш во неделата, кој родителите го оценија како нефикасен.

Дополнително, во овој дел, родителите на децата со даунов синдром истакнаа дека иако одредени состојби се променети на подобро односно дека децата со даунов синдром се запишани во основните и средните училишта како и во градинките, сепак она што недостасува, според нив, е обебедување на логопед кој ќе работи со децата од најрана возраст во унапредување на говорот.

Поради фактот дека говорот кај лицата со даунов синдром е послабо развие,н односно потребна е поголема посветеност и работа за развивање на говорот, родителите сметаат дека еден Здравствен центар за говор не е доволен. Имено, од искуството кое го споделија со претставниците на Народниот правобранител, родителите укажаа дека во еден центар за говор се работи со сите деца, и со оние со нормален развој и со децата со попреченост. Дополнително е што третманите се малку и недоволни за да се оствари потребното ниво на јасен говор кај децата со даунов синдром, а воедно нема ни доволно специјализрани кадри за работа со деца со попреченост и подобрување на нивниот говор.  
 
Родителите истакнаа дека за децата со даунов синдром нема Дневен центар за згрижување, место каде што ќе можат да поминат одреден дел од своето време преку социјални и друг вид на активности.   
Како пречка во остварувањето на правата на децата и лицата со даунов синдром, родителите го истакаа и правото на ортопедски помагала за нивните деца односно орагниченото право на користење на само еден пар на ортопедски чевли. Согласно законите и правилниците, на децата и лицата со даунов синдром им следи на секои шест месеци по еден пар ортопедски чевли што според родителите е премалку и недоволно поради што се приморани еден пар челви да ги обезбедат на свој трошок.
 
Во делот на остварување на правата од социјалната заштита, родителите истакнаа дека наметната обврска за обнова на документи секоја година претставува дополнителен финансиски трошок за состојба која не се менува (дауновиот синдорм е состојба која нема промена). Во овој дел, дел од присутните родителите истакнаа дека постапките за остварување на правото на пензија пред Комисиите за оценка на работната способност се долг и мачен процес, како и дека документите кои Комисиите ги бараат често пати се недоволни поради што родителите се враќаат повторно да обезбедат нови документи , иако предходните ги користеле за остварување на правата на свотие деца.
 
Народниот правобранител ги советуваше присутните да поднесуваат претставки за проблмеите при остварување на нивните правата со цел негово вклучување во постапките пред надлежните органи за нивна заштита согласно надлежностите на народниот правобранител.


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија