Активности
04.04.2016
04.04.2016, Скопје
ЗАМЕНИК НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г-ЃА ВАСКА БАЈРАМОВСКА МУСТАФА СЕ СРЕТНА СО ЛИЦА ЗАБОЛЕНИ ОД ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
Заменик-народниот правобранител г-ѓа Васка Бјарамовка Мустафа надлежена за Одделението за заштита на правата на децата и лицата со посебни потреби одржа средба со лица со Церебрална парализа и родители на деца заболени од Церебрална парализа. На средбата заменикот г-ѓа Бајрамовска-Мустафа ги информираше присутните за надлежностите кои произлегуваат од Законот за народниот правобранител, и механизмите кои согласно законската рамка им стојат на располагање на овие лица заштита на нивните права.
Исто така, лицата со церебрална парализа го информираа Народниот правобранител за проблемите со кои се соочуваат лицата со Церебрална парализа во секојдневниот живот. Имено, нагласија дека имаат потешкотии во остварување на правата од областа на здравственото осигурување и заштита, образованието, пристапот до услугите и до институциите, вработувањето. Во овој контекст, нагласија дека лицата со Церебрална парализа мораат секогаш да имаат придружник кој ќе им помогне полесно да се движат ,а вообичаено тоа е родителот кој согласно Законот за работни односи го користи правото на скратено работно време , при што им се ускратува од приходите. Понатаму, децата често не можат да ја следат наставата во училиштата по сите наставни предмети поради тоа што кабинетите им се во горниот спрат а училиштето нема лифт. Честопати имаат потреби од други ортопедски помагала а Фондот за здравствено осигурување им признава само инвалидска количка, итн.
Заменикот народен правобранител за проблемите кои се во негова надлежност ги советуваше лицата со церебрална парализа да поднесуваат претставки со цел остварување на нивните права.