Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН...

    повеќе
  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА  НА ТЕМА УПОТРЕБА НА СИЛА ОД СТРАНА НА ПОЛИЦИЈАТА 30.03.2016

30-31.03.2016, Скопје

РЕГИОНАЛНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА УПОТРЕБА НА СИЛА ОД СТРАНА НА ПОЛИЦИЈАТА

Народниот правобранител во рамките на повеќегодишната соработка со TAIEX инструментот за техничка помош и  размена на искуства на Европската Комисија организираше дводневна регионална работилница на тема „Употребата на сила од полицијата“.

Работилницата се одржа на 30 и 31 март во Хотел Арка-Скопје и на истата учествуваа претставници на органи и институции од земјата и пошироко од регионот, како и претставници на Омбудсман институциите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.

Целта на дводневната работилница беше размена на ставовите и искуствата меѓу експерти и претставници на омбудсман институции,полиции на земји од  Западниот Балкан и експертите од земјите членки на  ЕУ, во однос на примената на сила од страна на полицијата, како и да се разгледаат состојбите во земјите од регионот со цел да се подигне свеста на соодветните тела по однос на прашањата поврзани со темата на овој настан. Воедно, на работилницата беа презентирани меѓународните стандарди и праксата во однос на примената на силата и средствата за присилба од страна на полицијата.

Презентерите од земјава и од регионот и учесниците на оваа работилница посебно ја поздравија иницијативата  за организирање на регионална работилница на оваа тема и активно се вклучија во дискусијата.

Во согласност со меѓународните стандарди, вклучително и заложбите на Народниот правобранител за почитување на човековите слободи и права од големо значење е постоење на правна регулатива која е јасна, недвосмислена и не остава простор за дискрециони овластувања при употребата на средства за присилба.

Со цел владеење на правото, поголема правна сигурност на граѓаните и елиминирање на можностите за каква било злоупотреба учесниците препорачаа да се преземат следните мерки и активности:
1.    Да се измени и дополни постојниот Закон за полицијата во делот на употребата на средства за присилба врз група;
2.    Да се избришат „електричниот парализатор“ и „гумените куршуми“ од Законот, и да се забрани нивната употреба врз група, имајќи предвид дека единствен услов за нивната употреба предвиден со постојниот закон е да се разбие групата и да се воспостави јавниот ред и мир;
3.    На јасен и недвосмисленен начин во Законот за полицијата да се уреди поимот, видови, квалитетот и составот на средствата за присилба, начинот на нивна употреба, едуцираноста и стручноста на лицата кои ќе ги употребат, рангот на лицето кое ќе ја даде наредбата за нивна употреба, како и прашањето на процедурата за употребата на средствата за присилба.
4.    Во Законот да се уреди рангот на лицето кое ја дава наредбата за употреба на средства за присилба, односно употребата на потенцијално смртоносни средства да биде одобрена од службено лице со висок ранг;
5.    Примената на средства за присилба да се дозволи само врз строго пропорционална основа на ситуацијата, согласно принципите на сразмерност, неопходност и почитувајќи ја постапноста во примената, секогаш од полесни кон потешки средства за присилба,
6.    Да се обезбеди квалитетна истрага за евентуално несразмерна и непропорционала употреба на средства за присилба од страна на целосно независен и стручен орган/механизам, со цел владеење на правото и поголема правна сигурност на граѓаните;
7.    По примерот и позитивната пракса на другите држави да се развијат вештини за преговарање и комуникациски вештини од страна на полициските службеници со организаторите на протестите, односно оперативно планирање на различни видови демонстрации (политички, социјални, спортски и др.),
8.    Да се сензибилизира и да се едуцира полицијата преку континуирани обуки за човековите слободи и права и за меѓународните стандарди во врска со употребата на средства за присилба, и во тој контекст да се има предвид искуството и познавањето на техниките за употреба на овие средства со најмалку можни последици по животот и здравјето на граѓаните;
9.    Пред да се донесе Законот за полицијата, односно неговите изменувања и дополнувања задолжително да се водат јавни дебати, да се соработува и да се бара мислење од Народниот правобранител како заштитник на човековите слободи и права, и од други стручни и научни лица и институции;
10.    Да се преземат мерки од страна на Министерството за внатрешни работи со цел информирање на јавноста и нивно запознавање со средствата за присилба и употребата на истите.


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија