Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН...

    повеќе
  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО РАМКИ НА ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ И АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА 16.03.2016

16.03.2016, Велес

ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО РАМКИ НА ОТВОРЕНИТЕ ДЕНОВИ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ И АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА

Делегацијата на Европската Унија во Македонија и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Македонија заедно со Народниот правобранител започна активност насловена како „Отворени денови“ што во наредниот период ќе се спроведе низ повеќе градови во Македонија со цел информирање на граѓаните за нивните избирачки права и поттикнување непречено осварување на истите.

Првата средба од овој вид се одржа во Општина Велес каде покрај состанокот со градоначалникот, се одржа средба со граѓаните во просториите на општината. Во своето обраќање кон присутните заменик народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа уште еднаш потсети дека секој граѓанин со наполнети 18 години има право да гласа и слободно, без притисоци  да го даде својот глас за кандидат по сопствено убедување. Таа потсети дека и за овие избори институцијата Народниот правобранител и нејзините шест подрачни канцеларии ќе бидат отворени за граѓаните како во предизборниот период, така и за време на изборите, истовремено информирајќи дека во институцијата е отворена бесплатна телефонска линија на која секој граѓанин може да пријави било каков вид на злоупотреба или притисок врз своето право на глас.
Амбасадорот Аиво Орав ги потсети присутните дека слободни и демократски избори се показател за подготвеноста на државата да направи дополнителен чекор на својот пат кон Европа, а гласањето без притисоци ќе го потврди токму тоа. Тој исто така посочи дека секоја принуда, притисок, заплашување или изборна нерегуларност треба да се пријави во Државната изборна комисија или во Министерството за внатрешни работи или во Јавното обвинителоство или во канцеларијата на Народниот правобранител, како и во некоја граѓанска организација како МОСТ или ЦИВИЛ.

Во периодот што следи ваквиот вид на средби ќе продолжи и во другите градови низ републиката.


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија