Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.12.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН...

    повеќе
  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

07.03.2016

07.03.2016, Табановце

ПОСЕТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ НА ПРИВРЕМЕНИОТ ТРАНЗИТЕН ЦЕНТАР ТАБАНОВЦЕ

Народниот правобранител-Национален превентивен механизам на 07.03.2016 година заедно со невладината организација „Легис“ изврши посета на Привремениот транзитен центар Табановце, со цел утврдување на состојбата, условите и третманот на бегалците кои престојуваат во Центарот.

Во моментот на посетата во Центарот беа присутни 1050 лица, кои овде престојуваа десетина дена, а во текот на посетата пристигна воз со кој беа транспортирани дополнителни 430 лица од Прифатниот центар Винојуг.Речиси 40% од бегалците кои престојуваат во Привремениот транзитен центар Табановце се жени и деца.

Националниот превентивен механизам констатира дека условите за подолготраен престој на бегалците во Привремениот транзитен центар Табановце не се соодветни и не ги задоволуваат пропишаните меѓународни стандарди.Бегалците се сместени во шатори кои не се прилагодени за преноќување, дел од нив спијат на клупи на кои има поставено душеци, а дел на подот на кој има ќебиња. Сите објекти во Привремениот транзитен центар Табановце се исполнети со бегалци и истите се пренаменети во места за сместување и преноќување. Шаторот предвиден за подготвување на оброци (кујната) е исто така пренаменет за престој на бегалци кои во него преноќуваат /спијат на под.

Храната во Привремениот транзитен центар се дели надвор, и е обезбедена од две невладини организации „Легис“ и „Нун“.Иако во првите денови на бегалците им се делела сува храна, невладините организации успеале да обезбедат топол оброк, така што во моментот на посетата се делеше топла супа, а се очекуваше да пристигне и главниот оброк.

Хигиената во Центарот не е на завидно ниво, бидејќи голем број лица се сместени на мал пртостор. Сепак, за пофалба е тоа што се обезбедени дополнителни тоалети и тушеви и  во меѓувреме е обезбедена топла вода.

Лицата кои пристигнаа со возот од Транзитниот центар „Винојуг“ во групи беа испраќани на самиот граничен премин со Р. Србија и тука остануваа да чекаат да бидат пропуштени на територијата на Р. Србија. На самиот граничен премин, од страна на невладини организации и од страна на Црвениот крст, на бегалците им се делеа сендвичи и пакети со храна, како и облека Националниот превентивен механизам изврши разговор со граничната полиција на Р. Србија и притоа доби информација дека полицијата чека упатства од Министерството за внатрешни работи за тоа дали ќе бидат пропуштени бегалците, но се сомневаа дека ќе биде донесена позитивна одлука.

Националниот превентивен механизам забележа зголемено присуство на граничната полиција во Привремениот транзитен центар Табановце, така што во моментот на посетата беа присутни околу 30 полицајци. И покрај нивното присуство, беше забелажано дека на самиот граничен премин пристигнуваат и лица кои не се организирано транспортирани од Центарот Винојуг, односно дека пристигнуваа лица кои се превезени по илегален пат.

Без исклучок, бегалците бараа да бидат пропуштени кон западноевропските држави и се жалеа на менувањето на критериумите со кои се определува кој може да продолжи кон останатите земји на балканската мигрантска рута.  


Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија