Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОМБИДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА ОСТВАРИЈА ЗАЕДНИЧКА ПОСЕТА НА КАМПОВИТЕ ВО „ТАБАНОВЦЕ“ И ВО „ПРЕШЕВО“ 07.12.2015

07.12.2015, Табановце и Прешево

ОМБИДСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА ОСТВАРИЈА ЗАЕДНИЧКА ПОСЕТА НА КАМПОВИТЕ ВО „ТАБАНОВЦЕ“ И ВО „ПРЕШЕВО“

Омбудсманите на Република Македонија и на Република Србија г.Иџет Мемети и г.Саша Јанковиќ во рамките на меѓусебната, како и  регионалната соработка, а со цел увид во условите во камповите за прифат на бегалците и мигрантите, како и  согледување на состојбата со заштитата на нивните слободи и права, ги посетија транзитниот камп „Табановце“- Република Македонија и Прифатниот центар „Прешево“-Република Србија.

Во рамките на  заедничката посета, омбудсманите  беа запознати со постапката  и процедурите при  прифат на бегалците во двата кампа, беа согледани условите за престој, а надлежните лица кои ги менаџираат камповите ги информираа за плановите за адаптација на условите за претстојната зима.
„Јас би сакал да ве информирам дека ние омбудсманите од регионот па и пошироко не случајно одлучивме поблиску да соработуваме се со цел да им се помогне на лицата кои бараат меѓународна помош или бегаат од земјите каде има војни. Мојот впечаток е дека условите за прифат се уште се далеку од оние стандарди кои би требало да ги имаат, и тоа како од аспект на условите, така и на менаџирањето .Уште многу треба да се работи, а најголем предизвик е зимата. Македонската Влада се уште  планира, а  се плашам дека снегот ќе стигне пред реализацијата на плановите. И на двете страни видовме  лоши услови по однос на хуманоста, затоа што можно е да се немаат капацитети и услови, но не може да се нема желба за нивно подобрување.“ рече, меѓу другото на прес-конференцијата народниот правобранител г.Мемети.
Тој упати апел за поголема соработка помеѓу државите на ова поле,како и за итно  подобрување на условите и во двата кампа.

„Јас би сакал Владите  на Република  Македонија и на  Република Србија да се договорат возот со кој се превезуваат бегалците и мигрантите да не застанува на Табановце туку да оди директно до Прешево. Ако во најмала рака тоа не е возможно, тогаш да се најде начин лицата со посебни потреби, децата и жените откако ќе се регистрираат да можат легално да ја преминуваат границата.Во оваа пригода би ги поздравил хуманитарните и невладините организации кои помагаат и кои одлично се координираат во камповите. Посакувам  таа координација да се зголеми се со цел да им се помогне на овие лица. Јас и мојот колега г.Јанковиќ ќе продолжиме да ги следиме состојбите“.

Народниот правобранител г. Мемети информираше дека ќе подготви посебен извештај за она што е утврдено во транзитниот центар Табановце, а  кој ќе содржи и конкретни препораки, а кој ќе го достави до Владата.

„Денес ние двајцата омбудсмани сакавме лично да се увериме какви се условите во центрите, но и да го свртиме вниманието на фактот дека не можеме да бидеме задоволни од третманот кон луѓето кои поминуваат низ нашите земји. Мој прв впечаток е дека  досега успеавме да избегнеме трагични ситуации што е добро за што треба да бидеме благодарни и на луѓето кои поминуваат и на органите на нашите земји. Јас морам да кажам дека некои од впечатоците  кои денес ги видовме си под границите на човечноста и хуманоста.Сите треба да имаат хуман третман без разлика од каде  доаѓаат.Никој не смее да биде во кал, во смет,.никој не мора преку кал да бутка инвалидска количка. Јас со моите соработници,  а и колегата Мемети со своите  соработници ќе  работиме на тоа похумано да се примаат овие луѓе и и тоа не само заради тоа да не  се прекршува некој меѓународен документ, туку заради хуманоста и човечноста “рече заштитникот на граѓаните на Србија г.Саша Јанковиќ.

Тој изрази посебна благодарнсот до невладините организации кои  несебично им помагаат на бегалците и на мигрантите.

„Без нив нашите држави немаше да бидат способни да ја издржав оваа ситуација. Знам дека е тешко, но мора подобро да се организираат службите  и институциите, оние малку ресурси кои ги имаме подобро да се искористат.  Не е потребна никаква нуклеарна физика за да се направи една настрешница на местото каде луѓето чекаат за влез за да не седат на дождот, децата помалку да чекаат. Задоволен сум што  ние омбудсман инстутуциите воспоставивме меѓусебна соработка за едно вака важно прашање  каде е неопходна меѓународна соработка. Верувам дека оваа соработка ке биде пример и за другите институции  како што е полицијата, Црвениот крст, Комесаријатот за бегалци“ рече г.Јанковиќ.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија