Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ДЕЛЕГАЦИИ НА ОМБУДМСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ГИ ПОСЕТИЈА БЕГАЛСКИТЕ КАМПОВИ ШТО СЕ НАОЃААТ ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ГРАН 17.11.2015

ДЕЛЕГАЦИИ НА ОМБУДМСМАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ГИ ПОСЕТИЈА БЕГАЛСКИТЕ КАМПОВИ ШТО СЕ НАОЃААТ ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА ГРАН

Омбудсман институциите на  Република Грција и  на Република Македонија, на 17 ноември спроведоа заедничка посета на привремените бегалски кампови кои се наоѓаат во  близина на границата меѓу двете соседни земји, и тоа кампот сместен во Идомени  во Република Грција и  кампот Винојуг  во Република Македонија. Заедничката посета  имаше за цел  утврдување на фактичката сосотојба на условите за престој на бегалците и мигрантите и заштитата на нивните основни права.

Во рамките на  заедничката посета, омбудсман институциите  беа запознати со постапката  и процедурите при  прифатот на бегалците во двата кампа, а беа согледани и нивните основни потреби при транзитот.  Кампот сместен во Идомени, Република Грција е воден без државна координација или придонес,  во него има  седишта на голем број хуманитарни организации , а вклучени се и волонтери кои работат  на понуда на храна, други стоки и услуги.Тука се присутни претставници на УНХЦР, ИОМ и неколку невладини организации како што се „Лекари без граници“,Црвениот крст, „Сега“, „Праксис“,„Спасете ги децата“, грчкиот Совет за бегалци, грчкиот спасувачки тим.

Кампот „ Винојуг“ работи  под  управата на  Центарот за управување со кризи, во кој се врши официјална регистрација за влез на беглаците во Република Македонија. Во него има  претставници на полицијата, Министерството за  труд и социјална политика, кои соработуваат со УНХЦР и  со Црвениот крст.

Омбудсман институциите го сметаат како многу позитивен фактот, што во камповите, на бегалците веднаш им се пружа неопходната помош, тие не се задржуваат подолго време,  и покрај тоа што кампот во Идомени, Република Грција има капацитет за прифат на 1.700 лица, а во два наврати тука биле примени повеќе од 10.000 лица на ден.
Исто така, многу е позитивно тоа што постои соработка помеѓу невладините организации од двете земји,  кои им го олеснуваат претстојот на бегалците и им ја нудат потребната помош.

Сепак, омбудсман институциите сметаат дека движењето на бегалците низ Европа, без оглед на постоењето на Шенген зоната, или постоењето на националните граници,  не треба да претставува проблем за движење на бегалците. Омбудсман институциите сметаат дека во секој случај, државите треба да ја осигураат безбедноста на лицата и нивните основни права за пристап до азил, привременото засолниште, храна и вода, облека, медицински третман, информации за правата и процедурите, заштита на ранливите групи, како семејства, бремени жени, деца и малолетни лица без придружба, жртви на трговија, малтретирање или тортура, стари лица, лица со хендикеп и сл.

Исто така, посебно внимание треба да се посвети на заштитата на   бегалците од лица кои се занимаваат со недозволена трговија со стоки и трговци со луѓе, како и од појава на економска експлоатација.

Омбудсман институциите сметаат дека  државите треба да  играат значајна улога во изготвувањето на планови за справување со евентуалните предизвици при појава на поголем бран  бегалци, како  да  се подготват за евентуални идни ризици при ограничување на  преминувањето на границите во рамките на бегалската рута низ Европа.

Заедничката посета на пограничните бегалски кампови треба да претставува пример за воспоставување на натамошна  соработка со соодветните институции од сите соседни држави, во поглед на нивната заедничка мисија, заштита на човековите права и почитување на основните приципи на владеење на правото, како и за справување со предизвиците од бегалската криза.
 
Инаку, делегациите ги предводеа замениците на народниот правобранител на Република Македонија г-ѓа Васка Бајрамовска Мустафа и г.Славчо Тимов  и замениците  на омбудсманот на Република Грција г. Василис  Каридис,  г. Џорџ Мошос, како и претставници на невладини организации и на УНХЦР.

Оваа посета е резултата на претходната средбата на двајцата претставници на  канцелариите на Омбдсманте што се одржа во октомври во Солун, а на која присуствуваа и претставници од Институтот за човекови права на Универзитетот Колумбија и Општина Солун.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија