Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА УЛОГАТА НА СУДИЈАТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА 29.10.2013

Скопје

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА УЛОГАТА НА СУДИЈАТА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА

Во организација на  Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (TAIEX), а во соработка со Народниот правобранител  се одржa  работилница на  тема „Улогата на судијата во остварување на правата на лицата лишени од слобода“ на која судии, експерти разменија искуства за ова прашање.

„Денешната тема е од особена важност имајќи ја во предвид улогата која ја имаат судиите во делот на почитувањето и заштитата на правата на лицата лишени од слобода.Европските затворски правила уредуваат, со сите лица лишени од слобода да се постапува со почитување на нивните права, а ограничувањата да бидат сведени на минимум неопходни мерки кои ќе бидат сразмерни на легитимната цел која треба да се постигне“, рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на отворањето на работилницата.

На темата „Почитување и заштитата на лица лишени од собода во текот на судската постапка“ зборуваше судијата во Врховниот суд на Република Македноија г. Џемали Саити, а за „Судскиот надзор во извршување на санкциите заради остварување на правата на лицата лишени од слобода“ говореше г. Миле Димовски судија за извршување на санкциите во  Основен суд Битола.

За меѓународните стандарди и практиката на Европскиот комитет за превенција од тортура во поглед на улогата на судијата зборуваше г. Марио Феличе поранешен член на овој комитет, додека компаративен приказ за важноста на судската заштита даде г.Петер Кастнер, преставник на Омбудсман инстутуцијата на Австрија.

Заклучоци од работилница “Улогата на судијата во остварување на правата на лицата лишени од слобода”


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија