Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ ОД РЕГИОНОТ РАЗМЕНИЈА ИСКУСТВА ЗА РАБОТАТА ПО ПРЕДМЕТИТЕ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА 26.09.2013

26-27.09.2013, Охрид

ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ОМБУДСМАН ИНСТИТУЦИИТЕ ОД РЕГИОНОТ РАЗМЕНИЈА ИСКУСТВА ЗА РАБОТАТА ПО ПРЕДМЕТИТЕ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА

„Омбудсманот во секое општество се јавува како механизам кој суштински придонесува во функционирањето на принципот на владеење на правото, а воедно претставува и фактор кој ги отсликува демократските процеси во државата.Поставеноста на Народниот правобранител во Република Македонија и улогата да ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот предвидени со уставот и законите, како и тоа да презема дејства и мерки на заштита на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедиците, јасно и недвосмислено кажува дека мора да се реагира во случај на прекршување на начелото на еднаквост меѓу граѓаните“.

Ова меѓудругото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на отворањето на дводневната регионалната конференција „Особени предизвици со претставките за дискриминација по основ на етничка припадност-размена на искуства на практичарите од регионот“, што во организација на ОБСЕ/ОДИХР на 26 и 27 септември се одржа во Охрид.

На конференцијата на која учествуваа претставници на омбудсман канцелариите од регионот( Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина) се зборуваше на темите „Компаративен преглед на законодавството поврзано со антидискриминацијата во Југосточна Европа,  како и  за „Типологијата на случаите за дискриминација по основ на етничка припадност кои се поднесени пред надлежните тела за дискриминација во Југоисточна Европа“. Учесниците разменија и искуства од практиката во работењето по предметите за дискриминација.

Инаку, на конференцијата учествуваат и претставници на посебните тела за заштита од дискриминација од регионот.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија