Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ВИДЕО НАДЗОР ВО МЕСТАТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА 10.05.2013

Скопје

ВИДЕО НАДЗОР ВО МЕСТАТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА

Народниот правобранител-Национален превентивен механизам со поддршка на TAIEX програмата и во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на 10 Мај 2013 година одржа работилница на тема ,,Видео надзорот во местата на лишување од слобода”.

На работилницата поздравни говори имаа Народниот правобранител, г. Мемети, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, г. Димитар Ѓеорѓиевски, како и претставник од Европската делеганција, г. Мафредас Лимантас.

На работилницата беа презентирани наодите на Националниот превентивен механизам во делот на видео надзор во местата на лишување од слобода, како и искуствата на чешкиот Национален превентивен механизам по однос на оваа тема. Воедно беа презентирани меѓународните стандарди за заштита на податоците со осврт на видео надзорот во местата на лишување и регулативата за видео надзор, содржана во домашната легислатива за  заштита на личните податоци.

Свои искуства и размислувања по однос на темата споделија и претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, како и Министерството за здравство.

На крајот од работилницата беа утврдени и основните заклучоци по однос на обезбедувањето на правото на приватност во местата на лишување од слобода, почитувајќи го личниот интегритет на лишените лица, но и обезбедувајќи заштита и безбедност на местата каде се врши лишување од слобода.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 8
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија