Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРОМОВИРАН ПРАКТИЧНИОТ ВОДИЧ ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ НА ЖАЛБИТЕ ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 23.04.2013

Скопје

ПРОМОВИРАН ПРАКТИЧНИОТ ВОДИЧ ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ДОПУШТЕНОСТ НА ЖАЛБИТЕ ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

„Практичен водич за критериумите за допуштеност на жалбите пред Европскиот суд за човекови права“ и  „Европско право“ се публикациите кои на 23 април беа промовирани во Скопје, а кои се подготвени од страна на германската фондација за меѓународна  правна помош (ИРЗ).

На промоцијата свои излагања, меѓудругите, имаа и заменик народниот правобранител г-ѓа Нашиде Ибраими, како и македонскиот судија при Европскиот суд за човекови права, д-р Мирјана Лазарова-Трајковска.

Заменикот г-ѓа Ибраими истакна дека овие  публикации значително ќе ги зголемат познавањата на домашната стручна јавност по однос на формалните услови кои треба да бидат исполнети за индивидуална жалба да биде прогласена за допуштена пред Европскиот суд за човекови права, а воедно ќе претставуваат и водич за работата на домашните адвокати по однос на поднесувањето на апликации по индивидуални жалби за повреда на некое од правата загарантирани со Европската конвенција.

 Промоцијата беше во организација на ИРЗ во соработка со Народниот правобранител на Република Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Република Македонија.

„Практичниот водич за критериумите за допуштеноста на жалбите пред Европскиот суд за човекови права„ може да го најдете на следниот линк http://www.echr.coe.int/NR/rdonlyres/6DA2C97E-32AC-4D6B-B576-6081B1F63C45/0/Admissibility_guide_MKD.pdf

 


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија