Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ОБРАЌАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НИЗ СОРАБОТКАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ, ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА 15.04.2013

Скопје

ОБРАЌАЊЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НИЗ СОРАБОТКАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ, ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА

Почитувани екселенции, претставници на законодавни домови, граѓанско општество, драги гости,

Задоволство ми е што можам да Ви се обратам на оваа регионална конференција посветена на потребата од Европска интеграција низ соработката на парламентите, граѓанското општество и независните регулаторни тела.
Оваа конференција претставува продолжение на минатогодишната средба во Белград, и има за цел да ја истакне значајната улога која независните тела и граѓанскиот сектор ја имаат за развојот на демократијата, владеењето на правото и подигнувањето на свеста за почитување на човековите права во едно општество, а во духот на Декларацијата од Љубљана.
Процесот на добрата комуникација и соработка помеѓу активните независни и граѓански општествени чинители со законодавните тела претставува основа за спроведување на националните политики кои обезбедуваат отчетност, одговорност и инклузивност во едно општество.
Улогата на надворешните тела не смее да биде потцената ниту во процесот на евроатланските интеграции на земјите од регионот, бидејќи само на тој начин ќе се поттикне дијалог во насока на размена на искуства и идентификување на потреба од зајакнато делување за остварување на посакуваната цел.
Како воведничар во оваа панел дискусија сметам дека темата: „Демократијата и човековите права – помеѓу законодаваството и реалноста“ е од големо значење за развојот на едно општество и унапредување на степенот на почитување, остварување и заштита на човековите права.
Во таа насока сакам да истакнам дека хармонизацијата на националната легислатива со правото на Европската Унија, сметам дека не е само техничка работа, туку напротив, станува збор за процес кој постојано треба да се надградува и развива за да одговори на реалните потреби на нашето општество. Неинклузивниот и нетранспарентен пристап при носењето или измените на легислативата може да создадат пред се неконзистентност на правните норми што пак може да предизвика правна несигурност и штетно да влијае врз целокупниот демократски развој, но може и да ги оневозможи граѓаните ефективно да ги остваруваат своите загарантирани права.
Имено, свесни сме дека во нашиот регион многу лесно приоѓаме кон создавање и изменување на правните норми кои се дел од националниот правен поредок. Но, сметам дека не секогаш истите ја следат реалноста во нашите општества, напротив, често пати се во расчекор со реалните потреби со што стануваат тешко или целосно неприменливи.
Воедно, треба да бидеме свесни дека честопати и самите ние создаваме правна регулатива која поради непостоењето на соодветни материјално-техничи предуслови и човечки ресурси, како и необезбедувањето на адекватни буџетски алокации, останува само пишана норма која во стварноста тешко или воопшто не се применува. На тој начин самите ние им созадаваме потешкотии на граѓаните, кои тешко се снаоѓаат во таква ситуација на правна несигурност, со што се намалува нивната верба во правниот систем и владеењето на правото.
Исто така, сметам дека ваквото постапување создава администрација која не секогаш може целосно да ги апсорбира и примени правните норми, со што реално креираме плодно тло за повреда на правата и слободите на граѓаните. Треба да признаеме дека нашите јавни администрации и други органи на државната управа кои ги спроведуваат законите, го немаат посакуваниот капацитет, за што сметам дека потребни се континуирани обуки во насока на јакнење на нивната стручност и ефикасност.
Народниот правобранител е независна институција, која согласно Уставот на Република Македонија, ги штити уставните и законските права на граѓаните што им се повредени од органите на државната управа и од други органи и организации што имаат јавни овластувања, а особено внимание посветува на потребата од недискриминација, толеранција, и меѓусебно почитување на различностите. Постојаниот раст на бројот на граѓаните, кои без разлика на нивната припадност бараат заштита од нашата институција, покажува дека расте препознатливоста на Народниот правобранител, а воедно Институцијата е се поблиску до граѓаните и поприсутна во општеството.
Сакам да истакнам дека во своето работење Народниот правобранител ги користи и искуствата и соработува со невладиниот сектор во Република Македонија. Со заеднички напори се трудиме да го унапредиме односот на институциите кон граѓаните, а граѓаните да ги информираме за нивните права како и да ги препознаат повредите со цел барање заштита.
При заштитата на правата на граѓаните честопати се координараме со нашите партнери од граѓанскиот сектор, а исто така повремено заеднички спроведуваме и обуки за јавната администрација во насока на јакнење на нејзината професионалност и стручност и зголемување на свеста за почитувањето на човековите права.
Сакам да истакнам дека Народниот правобранител – Национален превентивен механизам, надлежен за превенција на тортура и друго сурово и нечовечно постапување, минатата година отпочна соработка со професионални граѓански здруженија, а во 2013 година планираме таа соработка да ја прошириме и со други профили од граѓанскиот сектор.
Во делот на соработката на Народниот правобранител со Собранието на РМ сакам да истакнам дека е моја законска обврска со годишен извештај да го информирам законодавниот дом. Пред две недели го доставив Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на уставните и законските права за 2012 година до Собранието, од каде очекувам истиот во најскоро време да биде сериозно и суштински разгледан на седница на Собранието на Република Македонија, бидејќи на тој начин директно им ги посочувам структурните проблеми и легислативните празнини и недостатоци за кои законодавниот дом треба да преземе соодветни мерки и активности, а извршната власт детектираните слабости да ги надмине.
Почитувани, на крајот би сакал да ја истакнам важноста и значењето на воспоставување на одржлива тронасочна форма на дијалог–помеѓу невладиниот сектор, независните тела и законодавниот дом. Дозволете ми уште еднаш да го искажам моето задоволство од организацијата на овој и слични форуми, кои дополнително не зближуваат во нашите напори кон остварувањето на заедничката цел – градење на општество во кое човековите права и слободи целосно ќе се почитуваат и применуваат. Само на тој начин вистински ќе ги достигнеме европските демократски вредности и истите соодветно ќе ги примениме во нашите општества.

Ви благодарам.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 21
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија