Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

РАБОТНА СРЕДБА  НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ВИСОКИОТ КОМЕСАРИЈАТ ЗА БЕГАЛЦИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ  (УНХЦР), Г. МОХАМЕД АРИФ 04.03.2013

Скопје

РАБОТНА СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ВИСОКИОТ КОМЕСАРИЈАТ ЗА БЕГАЛЦИ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (УНХЦР), Г. МОХАМЕД АРИФ

Народниот правобранител, г. Иџет Мемети, оствари работна средба со претставникот на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР), г. Мохамед Ариф, на која разменија информации за својата работа и активности. Народниот правобранител го информираше претставникот на УНХЦР за важноста на улогата на Омбудсманот во општеството, особено во делот на превенција од тортура и заштита на правата на категориите на лица кои се особено ранливи, а кои се  од заеднички интерес за двете институции- лица баратели на азил, бегалци, лица со неодредено државјанство и Ромите.
Воедно, беа разменети мислења по однос на соработката со определени државни органи кои имаат надлежност да постапуваат по барањата на  лицата кои спаѓаат во категоријата ранливи. Од страна на г.Мемети беше истакнато дека состојбата е загрижувачка поради нецелосната или недоследна примена на законите, поради што овие лица не се во можност да ги остварат своите загарантирани права.
Двајцата соговорници заклучија дека постои потреба за унапредување на меѓусебната соработка преку преземање на заеднички конкретни мерки, а во насока на подигнување на свеста меѓу вработените во органите на државната управа и зголемување на степенот на почитување и остварување на правата на лицата баратели на азил и бегалците.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија