Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЗАТВОРАЊЕТО НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФИНАНСИРАН ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 23.11.2012

Скопје

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЗАТВОРАЊЕТО НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФИНАНСИРАН ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

„Овој проект беше од голема важност за нашата институција особено за новата надлежност Народен правобранител- Национален првентивен механизам, како и за двете одделенија- одделението за недискрминација и соодветна и правична застапеност и одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби. За севкупната негова успешност  говори и фактот што во ЕУ билтенот на проектите финансирани од ЕУ фондовите, токму овој проект беше посочен како добра практика и успешно реалзиран проект„
Ова меѓудругото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата, што се одржа по повод затворањето на твиниг проектот насловен како „Поддршка на омбудсман институцијата„ што изминатите две години се финасираше од претпристапните фондови на Европската Унија-ИПА, а во кој партнери беа канцелариите на шпанскиот и францускиот омбудсман.
Според шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија  Н.Е амбасадорот Аиво Орав овој проект е дел од заложбите на Европската Унија  за зајакнување на капацитетите на институциите кои работат во делот на човековите слободи и права.
„Проектот се фокусираше на правата на децата и лицата со посебни потреби, превецијата од тортура, дискриминацијата како и еднаквата застапеност на претставниците на малцинствата, односно на зајакнување на капацитетите на омбудсманот во работота во овие сфери„ рече амбасадорот Орав.
За значењето на твининг проектот зборуваше и г-ѓа Кармен Комас Мата Мира, шеф на кабинетот на омбудсманот на Шпанија, која истакна дека за времетрањето на проектот биле направени 36 мисии ,а учествувале 60 експерти од Франција и Шпанија.Таа посебно ја нагласи размената на искуствата што ги направија трите канцеларии се со цел зголемување на ефикасноста во работата.
Инаку, со проектот кој чинеше 600.000 евра беше надграден и постојниот информациски систем на главната и шесте регионални кацеларии на омбудсманот.

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 5
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија