Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 25.09.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ ДОМАЌИН НА ВТОРИОТ...

    повеќе
  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ„ 09.10.2012

Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ„

„Правото на слободно изразување, слободата на сопствено мислење, примање и пренесување на информации или идеи без било какво мешање на јавната власт и без оглед на границите е гарантирано со Европската Конвенција за човекови права, која во остварувањето на овие слободи вклучува и обврски и одговорности. Слободата на изразување е едно од основните вредности на секое општество и еден од условите за негов напредок„.
Ова меѓудругото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на отворањето на тркалезната маса  на која се дебатираше за слободата на изразување.
Според омбудсманот во Република Македонија треба да се дебатира на оваа тема затоа  што тоа може да делува позитивно за општеството во целина.
„Имајќи ги предвид гаранциите за правото на слобoда на изразување, слободата на јавното информирање и важноста на професионалното новинарство, од аспект на човековите слободи и права и од аспект на развојот на демократијата, сметам дека натамошните сили и напори треба да бидат насочени кон формирање на здрава критична свест и јавност„ рече г. Мемети.


За „Улогата и праксата на Советот за радиодифузија„ зборуваше претседателот на оваа институција г. Зоран Трајчевски, додека  за „Универзалните стандарди на слободата на изразување и јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права во однос на Франција„ говореше г. Жерар Фелу, експерт за човекови права во Франција. Поранешниот судија во Европскиот суд за човекови права г-ѓа Маргарита Цаца Николовска ги пренесе „Искуствата на Европскиот суд за човекови права во однос на слободата на изразување„, а за „Искуствата и достигнувањата од обуките со новинарите во однос на слободата на изразување„ зборуваше г-ѓа Весна Шопар професор на Високата школа за новинарство и односи со јавноста.
Учество во дебатата земаа и новинари, уредници, претставник од самостојниот сидникат на новинарите.
Инаку,  тркалзната маса се одржа во рамките на  Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија- ИПА, а во кој партнери се шпанскиот национален омбудсман и Медијаторот на Франција.


Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2019
П В С Ч П С Н
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија