Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ПРАВАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ-ДЕКАДА НА РОМИТЕ„ 05.10.2012

Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ПРАВАТА НА ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ-ДЕКАДА НА РОМИТЕ„

Во рамките на  Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија- ИПА, а во кој партнери се шпанскиот национален омбудсман и Медијаторот на Франција на  петти октомври со Скопје се одржа тркалезна маса на тема „Правата на припадниците на заедниците во Република Македонија со посебен осврт-декада на Ромите „.
„Општо е познато дека во Република Македонија правната основа за заштитата на човековите права и слободи на заедниците ја дава Уставот со кој се промовира, зајакнува и унапредува заштитата на слободите и правата генерално, но и правата на припадниците на заедниците како конститутивен народ, вклучително и заштитата на Ромите„ рече во својот поздравен говор народниот правобранител г. Иџет Мемети.
Тој потенцираше дека од голема важност се големиот број донесени закони кои се однесуваат на припадниците на заедниците и можноста да го зачуваат, негуваат и збогатуваат својот национален и културен идентитет.
„Сепак и покрај се кога се зборува за ромите мора да се спомене сеуште присутната маргинализација, сиромаштијата и невработеноста како и несоодветните услови за домување. Имајќи го сето ова во предвид сметам  за потребно да ја потенцирам важноста на колективната одговорност за надминување на постоечката сиромаштија особено кај оваа популација„ рече Мемети.
Искуствата од работата на Народниот правобранител  на Република Македонија ги пренесе заменик народниот правобранител г. Драги Целевски, додека на омбудсманите на Република Франција и Кралството Шпанија г.Фабиен Дешаван и г ѓа.Кармен Сантијаго Рејес.
За „Активностите превземени за имплементација на стратегијата на декадата на Ромите„ зборуваше г-ѓа Мабера Камбери, раковидител на сектор во Министерството за труд и социјална политика.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија