Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ“ 19.09.2012

Куманово

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ СОСТОЈБИ И ПРЕДИЗВИЦИ“

„За остварување на правото на вработување на лица со инвалидност иако има добра законска и подзаконска регулатива недостасува нејзина доследна и целосна практична имплементација. Исто така потребно е поголемо отворање на администрацијата за вработување на овие лица.Токму затоа потребно е да се создаваат услови и можности за вработување, односно зголемување на бројот на вработувања на лицата со инвалидност во т.н. Заштитни трговски друштва, но и во јавната и државната администрација„
Ова се дел од констатациите и препораките кои произлегоа од тркалезната маса на тема „Вработувања на лица со инвалидност-состојби и предизвици“, што во организација на Народниот правобранител, а финансиски поддржано од амбасадата на Кралството Холандија се одржа во Куманово.


Податоците од истражувањата во оваа сфера што ги спроведе Народниот правобранител ги презентираше Васка Бајрамовска-Мустафа државен советник во канцеларијата на омбудсманот, а за „Мерките и активностите за вработување на  лицата со инвалидност„ зборуваше Менсура Смајловиќ, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

„Улогата можностите и активностите на Заштитните друштва во вработувањето на лицата со инвалидност ги презентираше Владо Додевски, од Заедницата на заштитни друштва од Скопје.

ПРЕПОРАКИ И КОНСТАТАЦИИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА - ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија