Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

 „ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДНАКВОСТ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈАТА“ TEМА НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА 26.09.2012

Тетово

„ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ЕДНАКВОСТ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈАТА“ TEМА НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА

“Справувањето со дискриминацијата во нашето општество претставува предизвик за сите, почнувајќи од институциите кои ги спроведуваат прописите-јавниот сектор, правните субјекти, приватниот сектор, а посебно за нас институциите за заштита на човековите права. Поставувањето на правилата на однесување преку соодветни законски норми не е доволно за да се справиме со овој феномен”.
Ова меѓудругото го рече народниот правобраните г. Иџет Мемети на отворањето на тркалезната маса  нaсловена како „Остварување на правото на еднаквост и заштита од дискриминација„ што во организација на народниот правобранител со финансиска поддршка на амбасадата на Кралството Холандија се одржа во Тетово.
Омбудсманот истакна дека борбата против дискриминацијата треба да ја видат сите институции заедно со цел да се укаже дека суштината на човековите права лежи во еднаквоста на сите луѓе.
За „Правната рамка и механизмите за заштита од дискриминација„ зборуваше  заменик народниот  правобранител г. Драги Целевски, „Искуствата на Комсијата за заштита од дискриминација„ ги пренесе Агим Нухиу,член на Комисјата за заштита од дискриминација,
  додека на тема „Родовата рамноправност и еднаквите можности во Република Македонија„ зборуваше г-ѓа Јована Тренчевска, советник за родова еднаквост од Минситерство за труд и социјална полтика.

Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија