Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ДЕТЕТО ДА ОДРЖУВА ЛИЧНИ КОНТАКТИ СО РОДИТЕЛОТ СО КОГО НЕ ЖИВЕЕ 25.06.2012

Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА „ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ДЕТЕТО ДА ОДРЖУВА ЛИЧНИ КОНТАКТИ СО РОДИТЕЛОТ СО КОГО НЕ ЖИВЕЕ

„Да се преземат сите можни мерки за непречено остварување на правото на детето да одржува редовни квалитетни контакти со родителот со кој не живее. За остварување на ова право, потребна е заложба не само на надлежните институции, туку и соодветен однос на родителите кои треба да водат сметка за правата и интересите на детето, а не само за своите права„
Ова се дел од препораките кои произлегоа од тркалезната маса насловена како  „Остварување на правото на детето да одржува лични контакти со родителот со кого не живее„, што се одржа во организација на народниот правобранител, a  со поддршка од абмасадата на Кралството Холандија.
„Нашите анализи покажуваат дека најголем број од претставките по кои постапува Народниот правобранител се однесуваат токму на  правото детето да одржува редовни и квалитетни лични контакти  со родителот со кого не живеe. Нашиот систем има проблеми затоа што децата ова право го остваруваат со доста пречки и потешкотии или воопшто не го остваруваат. Поради тоа  е потребно да се зајакне законската регулатива, како и капацитетите на центрите за социјална работа„ рече во својот поздравен говор народниот правобранител г. Иџет Мемети.
 Според амбасадорот на Кралството Холандија г-ѓа Мариет Шурман оваа тема е многу важна бидејќи станува збор за остварување на правата на детето.„ Многу е важно сите чинители да имаат свест за ова прашање затоа што од голема важност за правилниот развој на детето е да се среќава и со двата родители„ рече Шурман.
Зборувајќи за искуствата на народниот правобранител во  работењето во оваа сфера заменик народниот правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска истакна дека во изминатиот период  има тренд на зголемување на бројот на претставките од областа детски права особено за ова прашање.
„ Народниот правобранител смета дека  мошне е  важен  редовниот надзор над вршењето на родителското право и земањето предвид на мислењето и ставот на детето кое  согласно неговата возраст и зрелост треба да биде вклучено при одлучувањето за наведеното право.  Редовниот надзор над родителското право и мислењето на детето треба да придонесе не само донесување на правилна одлука што ќе биде во интерес пред се на детето, туку би требало да обезбеди и подобрување во однесувањето на родителите  кои ќе бидат следени како го вршат родителското право и  ќе им биде укажувано за  сите недостатоци во воспитанието и развојот на детето, со што ќе се создадат и услови за редовни и квалитетни лични контакти со родителот со кого детето не живее „ рече Крушаровска.

Излагање на заменик народниот правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска

Препораки

 


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија