Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ 30.05.2012

Скопје

ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

„Во местата на лишување од слобода делумно се исполнети меѓународните и домашните стандарди, нотирано е задржување во полициска станица на малолетни лица подолго од законски утврдениот минимум,утврдени се и состојби кои загрижуваат во казнено поправните установи, а како најголем проблем во истите е нотирана здравствената заштита за која постои недоволна кадровска екипираност„

Ова меѓудругото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети презентирајќи го првиот Годишен извештај на Одделението за превенција  на тортура и другo сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување-Национален превентивен механизам (НПМ)  за 2011 година.

Тој исто така рече дека НПМ редовно ги испитува условите на местата како и постапувањата со лицата лишени од слобода и дава препораки со цел превенција од тортура и други видови на нечовечно постапување.

“Превенцијата има значајна улога во борбата против тортурата и другите форми на сурово и нечовечно постапување и казнување. Само преку заштита на правата на граѓаните кои биле жртви на тортура или нечовечно постапување, без навремено укажување на можните ризици, недостатоци и легислативни празнини, нема да се оствари целта која треба да се  постигне” рече Мемети.

Инаку, овој извештај ќе биде доставен до сите институции и установи каде постои лишување од слобода или ограничување во слободата на движење, а согласно Факултативниот протокол истиот ќе биде пратен и до Поткомитетот за спречување на тортура при ОН.


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија