Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ КАКО ПАЦИЕНТИ - ТЕМА НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА ШТО СЕ ОДРЖА ВО РАМКИТЕ НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН 10.05.2012

Скопје

ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ КАКО ПАЦИЕНТИ - ТЕМА НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА ШТО СЕ ОДРЖА ВО РАМКИТЕ НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН

„Дали лицата со инвалидност имаат пристап, не само урбанистички, туку  воопшто до соодветни здравствени и друг вид установи за третман, лекување и рехабилитација? Дали овие лица имаат можност без проблеми да ги набават потребните лекарства и дали има доволен број центри за рехабилитација?“

Ова се дел од  дилемите за кои се дискутираше на Тркалезната маса со наслов: „Правата на лицата со посебни потреби како пациенти“ што во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската унија (ИПА), во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција, се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

„Лицата со посебни потреби, за жал, поради нивниот хендикеп многу почесто се судруваат со разни потешкотии во нивното секојдневие бидејќи не секогаш им се овозможуваат правата што им припаѓаат на сите граѓани. Затоа општеството треба да им овозможи еднакви услови, можности и пристап  првенствено до здравствените установи.“ - рече меѓу другото народниот правобранител г. Иџет Мемети отварајќи ја Тркалезната маса. Според него со остварувањето на правата пред се од здравствената заштита ќе се покаже грижата за лицата со посеби потреби дека се прифатени во општеството како еднакви.

За искуствата на Народниот правобранител од постапувањето по претставките поднесени од лица со посебни потреби зборуваше заменик-народниот правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска, додека искуствата од работата во оваа сфера на заштитникот на правата во Франција го пренесоа:  г-ѓа Рашел Мутие и г-ѓа Фабиан Жегу, претставници од оваа институција.

Свое учество на Тркалезната маса имаа и претставници од министерствата за здравство и за труд и социјална политика, од Заводот за ментално здравје, како и од невладиниот сектор.

 

Излагање на заменик народниот правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска

Препораки


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија