Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • 07.06.2019

    НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ-НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ (НПМ) ВО ЈУНИ ЌЕ БИДЕ...

    повеќе
  • 02.04.2019

    АНКЕТА „ШТО МИСЛАТ ГРАЃАНИТЕ ЗА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ДЕБАТА НА ТЕМА: „КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ДЕЦАТА ОД ИНФОРМАЦИИ КОИ  ШТЕТНО ВЛИЈААТ ВРЗ НИВНИОТ РАЗВОЈ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОДДРЖАНА ОД АМБАСАДАТА НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА	26.04.2012

Скопје

ДЕБАТА НА ТЕМА: „КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ ДЕЦАТА ОД ИНФОРМАЦИИ КОИ ШТЕТНО ВЛИЈААТ ВРЗ НИВНИОТ РАЗВОЈ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПОДДРЖАНА ОД АМБАСАДАТА НА КРАЛСТВОТО ХОЛАНДИЈА

„Правото на децата да учествуваат во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на нив, како и правото на нивна заштита од информации и материјали штетни за нивниот психофизички развој“ беше тема на Тркалезната маса што  во организација на Народниот правобранител - Одделение за заштита на правата на децата и лицата со посебни потребни, се одржа во хотелот „Континентал“ во Скопје. Тркалезната маса е дел од проектот на Амбасадата на Кралството Холандија за поддршка на македонскиот омбудсман.
„Не случајно се одлучивме денешната средба да биде фокусирана на ова прашање ако се има предвид развојот на технологијата, како и достапноста  до информации на децата и младите кои не секогаш се соодветни и корисни за нивниот развој.“ рече меѓу другото во своето поздравно обраќање народниот правобранител г. Иџет Мемети. 

Омбудсманот потенцираше дека информациите кои допираат до децата и младите треба да одат во насока на она што значи формирање правилни критериуми за животните и општествените вредности и да придонесуваат кон градење здрави личности.

„Заштитата на децата е една од најзначајните, но и најсуптилните работи. Треба многу да се внимава каде и како се пласираат информациите затоа што некои од нив може да имаат лошо влијание врз развојот на децата. Но исто така треба да се внимава децата да не бидат ограничени во добивањето на информациите.“ - рече амбасадорот на Кралството Холандија г-ѓа Мариете Шурман.

Според заменикот-народен правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска, на детето  треба да му се овозможи правото да дава и да прима информации битни за неговиот социјален, културен, морален и психофизички развој.

„Децата исто така имаат право на учество, согласно нивната возраст и зрелост, во одлуките што се однесуваат на нив, а кои влијаат на остварувањето и заштитата на нивните права. Истовремено треба да се почитува најдобриот интерес на детето во сите активности и одлуки што се однесуваат на неговите права и обврски.“ - истакна заменикот-народен правобранител Крушаровска во нејзиното излагање.

"ПРАВО НА ДЕЦАТА НА УЧЕСТВО И ПРАВО ДА БИДАТ ЗАШТИТЕНИ ОД ИНФОРМАЦИИ И МАТЕРИЈАЛИ КОИ ШТЕТНО ВЛИЈААТ НА НИВНИОТ ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ"   презентација заменик-народен правобранител Невенка Крушаровска

Препораки

 


Пребарување

Кaлендар на настани

јуни 2019
П В С Ч П С Н
1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија