Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО  Н.Е. АМБАСАДОРОТ АИВО ОРАВ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 10.04.2012

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО Н.Е. АМБАСАДОРОТ АИВО ОРАВ, ШЕФ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Народниот правобранител г. Иџет Мемети во рамките на своите меѓународни активности оствари средба со Н.Е. амбасадорот Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија. На средбата соговорниците разговараа и разменија мислења по однос на важноста на институцијата Омбудсман, како и за нејзиниот начин на функционирање.
Посебен акцент беше ставен на областите на заштита и промоција на човековите слободи и права, како и функционирањето на  тимот за превенција на тортура и одделенијата за недискриминација и следење на принципот на соодветна и правична застапеност и за правата на децата и лицата со посебни потреби, кои во рамките на Канцеларијата на Нардониот правобранител функционираат веќе една година.
 Зборувајќи за состојбите со човековите права во земјата, шефот на Делегацијата на Европската унија, амбасадорот Орав особено ја истакна  потребата за поддршка како од домашните така и од меѓународните институции. Двајцата соговорници се согласија за постојана соработка.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија