Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ - НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ 10.04.2012

Скопје

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ НА РЕПУБЛИКА ЦРНА ГОРА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ - НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети заедно со неговиот тим за превенција на тортура оствари работна средба со омбудсманот на Република Црна Гора  г. Шучко Баковиќ и неговите советници. Средбата имаше за цел запознавање на Делегацијата од Црна Гора со функционирањето на Националниот превентивен механизам  во Република Македонија.
 На гостите од Црна Гора  им беше подетално  презентиран начинот на работа на македонскиот превентивен механизам, а беа запознати и со методологијата за вршење превентивни посети, како и со преземените активности на тимот во изминатата година.
 Работната средба се оствари во насока на споделување на добрите практики и искуства, а со цел подготвување на Омбудсманот на Црна Гора за преземање на улогата на национален превентивен механизам.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија