Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 12.08.2019

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ВРСКА СО ПОСЛЕДНИТЕ СЛУЧУВАЊА СО...

    повеќе
  • 26.06.2019

    ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НАЦИОНАЛНИОТ...

    повеќе
  • 20.06.2019

    20. ЈУНИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

КАМПАЊА: „ТИ ИМАШ ПРАВО НА ЕКОЛОШКА ПРАВДА“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТEЛ И ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОЛОШКА ДЕМОКРАТИЈА „ФЛОРОЗОН“ 09.02.2012

Скопје

КАМПАЊА: „ТИ ИМАШ ПРАВО НА ЕКОЛОШКА ПРАВДА“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТEЛ И ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОЛОШКА ДЕМОКРАТИЈА „ФЛОРОЗОН“

Народниот правобранител и невладината организација Центар за еколошка демократија „Флорозон“ во наредните два месецa ќе спроведат кампања под мотото: „Ти имаш право на еколошка правда“ чија цел е подигнување на свеста на граѓаните за нивното право да живеат во здрава животна средина.
Како што информираше на прес-конференцијата, народниот правобранител г. Иџет Мемети, оваа кампања е од голема важност ако се земе предвид фактот дека искуствата од работата на институцијата Народен правобранител во оваа област покажуваат дека граѓаните многу ретко пријавуваат загадување на животната средина и покрај што тоа е директно поврзано со нивното право за живење во здрава животна средина.
Според програмскиот директор на Центарот за еколошка демократија „Флорозон“ Кирил Ристевски, кампањата ќе се одвива во градовите во кои Народниот правобранител има подрачни канцеларии каде ќе бидат поставени  штандови со информативни брошури, а предвидена е и медиумска покриеност со емитување спотови.
Инаку, кампањата е дел од проектот „Зелена правда на Република Македонија“ кој воедно е поддржан од амбасадите на: Соединетите Американски Држави и Кралството Норвешка.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2019
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија