Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, Г-ЃА УЛРИКА МАРИЈА КНОТ 26.01.2012

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, Г-ЃА УЛРИКА МАРИЈА КНОТ

На средбата беше разговарано за важноста на улогата на институцијата Народен правобранител за општеството, бројот на граѓаните што бараат заштита на нивните права, како и за можните причини за постојаниот тренд на зголемување на овој број од година во година. Воедно, беа разменети мислења за причините поради кои секоја година бројот на претставки што се однесуваат на судството е најголем, при што соговорниците беа согласни дека тоа се должи и на објективни услови кои со години наназад се провлекуваат во оваа сфера и влијаат на ефикасноста и квалитетот на функционирањето.
Секако, беше истакнат и напредокот во комуникацијата помеѓу канцеларијата на Народниот правобранител и органите над кои надлежно постапува, за што говори и фактот дека неговите интервенции се повеќе се почитуваат, а со тоа се поголем број граѓани успеваат да ги остварат своите права.
Амбасадорката, г-ѓа Кнот, ја истакна важноста од довербата што народниот правобранител ја ужива од страна на граѓаните за што говори и бројот на претставки кој постојано се зголемува. Двајцата соговорници како заклучок од дискутираните теми ја потенцираа важноста од поддршката на институцијата Народен правобранител од страна на релевантните институции во државата, а беше истакната и спремноста на Амбасадата на Република Германија да и даде подршка на институцијата Народен правобранител во нејзиното функционирање.      


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 2
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија