Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ПРВА СРЕДБА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И АМБАСАДОРОТ НА САД,  Н.Е. ПОЛ Д.ВОЛЕРС 04.01.2012

Скопје

ПРВА СРЕДБА ПОМЕЃУ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ И АМБАСАДОРОТ НА САД, Н.Е. ПОЛ Д.ВОЛЕРС

На средбата беше разговарано за позицијата и функционирањето на институцијата Народен правобранител во општеството, но и за особеностите со кои се одликува нејзиното работење по претставките на граѓаните.
Секако, особено беше разговарано за оние сфери во општеството за кои граѓаните во најголем дел доставуваат претставки како што се: судството, потрошувачките права, имотно-правните односи, работните односи и т.н.
Двајцата соговорници разменија мислења и по однос на присутните појави во општеството што се резултат на многуте различности со кои се одликува и притоа беа согласни дека Омбудсманот игра клучна улога во креирањето свест за потребата од толеранција и почитување на различностите.
Народниот правобранител г. Иџет Мемети исто така се осврна и на формирањето и функционирањето на Националниот превентивен механизам и неговата улога согласно Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура.
На крајот од средбата беше резимирано дека поддршката на институцијата Народен правобранител од страна на најрелевантните органи во државата е од исклучителна важност за нејзиното ефективно функционирање.

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 4
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија