Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ИНИЦИРА СУШТИНСКА ИЗМЕНА НА ЕДУКАЦИЈАТА ВО СИТЕ СТЕПЕНИ И ВИДОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА И ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА НИВНА ЗАШТИТА 22.12.2011

Скопје

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ИНИЦИРА СУШТИНСКА ИЗМЕНА НА ЕДУКАЦИЈАТА ВО СИТЕ СТЕПЕНИ И ВИДОВИ НА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИТЕ СЛОБОДИ И ПРАВА И ЗА ИНСТРУМЕНТИТЕ И МЕХАНИЗМИТЕ ЗА НИВНА ЗАШТИТА

Народниот правобранител смета дека е неопходна потребата во сите степени и видови на образование да се воведе посебен наставен предмет за човековите слободи и права и за механизмите за заштита во национални и меѓународни рамки. Исто така, во барањето доставено до: Владата, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, омбудсманот предлага да се извршат подлабоки промени не само во наставните програми и наставни содржини, туку и во учебниците кои треба соодветно и правилно да ги едуцираат децата, па и наставниот кадар, за сите права и слободи и сите механизми, постапки и начини за остварување и заштита на човековите слободи и права.

Со воведување на овие активности во сите степени и нивоа на образованието, па и во областа на образованието на возрасни би се едуцирале не само децата, туку и граѓаните да ги препознаваат нивните права и обврски и би се здобиле со сознанија за институциите што се надлежни за остварување и заштита на нивните права. Така директно ќе се влијае врз работата на институциите, национални и меѓународни, со цел да стане поефикасна.  


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија