Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

„ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО - ЖЕНАТА И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“ 24.11.2011

Скопје

„ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО - ЖЕНАТА И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

„Заштита од семејното насилство - жената и семејното насилство“ беше тема на Конференцијата што се одржа во Скопје во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија - ИПА во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција.
„Во Република Македонија семејното насилство го има многу повеќе отколку што покажуваат бројките на институциите. Ова пред се се должи на  традиционалните сфаќања, менталитетот, немањето храброст и несигурноста на жртвата да се спротивстави на насилството.“ - истакна во своето обраќање на отварањето на Конференцијата, народниот правобранител г. Иџет Мемети.
Омбудсманот потенцираше дека е потребна добра комуникација и соработка на сите институции кои работат на полето на семејното насилство. “Комуникацијата е неопходна за да се успее во справувањето со овој феномен. Токму затоа потребно е да се развиваат проекти кои пред се ќе имаат за цел едукација за спречување и заштита од семејно насилство.“ - рече г. Мемети.
Заменикот-народен правобранител, г-ѓа Невенка Крушаровска зборувајќи за искуствата од работењето на Народниот правобранител на полето на семејното наисилство, истакна дека претставки за заштита од семејно насилство најчесто поднесуваат жените кои заедно со децата се жртви на овој вид насилство.
„Жената како жртва на семејно насилство е дискриминирана и притоа и се повредува основното човеково право на достоинствен живот. Многу почесто овој вид насилство кај Народниот правобранител го пријавуваат луѓе што живеат во градските средини, а поплаките се дека полициските органи и надлежните центри не преземаат мерки за заштита. Истовремено, во семејствата каде има насилство децата се жртви, без оглед дали директно биле изложени или само биле сведоци на насилство.“ - рече г-ѓа Крушаровска.
За искуствата од работата на полето на заштитата од семејно насилство зборуваше омбудсманот на Арагон г. Фернандо Гарсија Висенте, додека за начинот на справување со семејното насилство во Франција говореше г-ѓа   Муриел д Годмон, раководител на Комитетот на жената при Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернацинал – Франција. 
На Конференцијата учествуваа и претставници од: Министерството за труд и социјална политика, Националното координативно тело за борба против смејното насилство, Основниот суд Скопје 2, Апелацискиот суд Скопје и од Министерството за внатрешни работи.

          Препораки 


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија