Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПОТ НА СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ 26.09.2011

Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛНА СОРАБОТКА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА И СЛЕДЕЊЕ НА ПРИНЦИПОТ НА СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ

На 26-ти септември во соработка и со поддршка на Мисијата на ОбСЕ во Скопје, Народниот правобранител организираше тркалезна маса на тема: „Меѓуинституционалната соработка на телата задолжени за заштита од дискриминација и следење на принципот на соодветна и правична застапеност“.

Основна цел на тркалезната маса беше да се соберат на едно место сите тела кои работат на заштитата од дискриминација и следење на принципот на соодветна и правична застапеност, со цел да се презентира работата и надлежностите на секое од телата и институциите што работат во оваа област, но и да се конципираат основите на кои ќе се темели идната соработка со цел ефективна заштита на граѓаните.

Како резултат од дискусиите произлегоа неколку заклучоци: соработка на планот на едукација на граѓаните и промоција на можностите за нивна заштита од дискриминација, вклучување на судскиот персонал во идните средби што ќе се организираат од ваков вид, но и преземање заеднички активности за превенција и заштита од дискриминација и нејзините форми, заеднички иницијативи за измени на законската регулатива, како и соработка со судовите и медиумите како најважен инструмент за промоција и подигање на свеста на граѓаните за феноменот дискриминација.

Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија