Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 03.09.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    повеќе
  • 19.08.2021

    НАРОДНИОТ ПРВОБРАНИТЕЛ ДО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА ДОСТАВИ ПРЕПОРАКА ВО...

    повеќе
  • 13.07.2021

    АПЕЛ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕТО НА ДЕЦАТА ВО ПРОТЕСТИ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Активности

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО НОВИОТ ИЗВЕСТУВАЧ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Г. РИЧАРД ХОВИТ 19.09.2011

Скопје

СРЕДБА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Г. ИЏЕТ МЕМЕТИ СО НОВИОТ ИЗВЕСТУВАЧ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Г. РИЧАРД ХОВИТ

Народниот правобранител г. Иџет Мемети се сретна со новиот известувач за Република Македонија на Европската унија, г. Ричард Ховит во рамките на неговата посета на земјава.

На средбата тие разговараа за значењето и надлежностите на народниот правобранител во општеството, со посебен акцент на неговата улога во постигнувањето на еднаквоста, односно надминување на разликите во сите сегменти од општествениот живот.

Двајцата соговорници беа еднакви во ставовите дека на општеството му е потребна јавна администрација која ќе се одликува со професионалност и одговорност во постапувањето и ќе биде имуна на влијанија и притисоци.

Беше дискутирано и за процесот на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор посебно во делот на фундаменталните придобивки кои самите граѓани и општеството во целина ги чувствуваат од неговото донесување, секако и улогата што Народниот правобранител ја има во овој сегмент.


Пребарување

Кaлендар на настани

септември 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 3
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија