Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Заштита на правата на децата: Постапка

Претставка може да поднесе детето лично, родителот или старателот во име на детето и некое друго лице, орган или организација кои ќе дојдат до сознанија дека е повредено одредено право на детето. Задолженото лице за заштита на правата на децата ќе покрене постапка за заштита на правата на одредено дете и по сопствена иницијатива доколку дојде до такви сознанија од средствата за јавно информирање или на друг начин, секако кога станува збор за повреда на уставни и законски права на децата од страна на органите и организациите пред кои Народниот правобранител е надлежен да постапува .

Народниот правобранител е овластен да ги штити правата на граѓаните како поединци, а во тие рамки и правата на децата гарантирани со меѓународните акти ратификувани во согласност со Уставот, кои претставуваат дел од внатрешниот правен поредок.

Посебните права на децата за кои Народниот правобранител може да обезбеди заштита се правата определени со повеќе закони во Република Македонија од различни области и тоа кога тие права се остваруваат и обезбедуваат преку органите на државната управа или пред други органи и организации со јавни овластувања надлежни да одлучуваат за одредени права на децата




Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија