Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 18.07.2017

    ПРЕЗЕНТИРАН ШЕСТИОТ ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ

    повеќе
  • 26.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА – 26 ТИ...

    повеќе
  • 20.06.2017

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА БЕГАЛЦИТЕ

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Заштита на правата на децата: Одделение за заштита на правата на децата

Со цел за поактивно и пошироко вклучување во заштитата на правата на децата во рамките на Народниот правобранител формирано е посебно одделение за заштита на правата на децата.

Одговорното лице при заштитата на правата на децата обезбедува заштита на сите детски права, а особено:

  • правата на децата во поглед на остварувањето на родителското право кога е потребна заштита од страна на центрите за социјална заштита кои со закон се обврзани да преземаат мерки заради заштита на личноста, правата и интересите на децата;
  • правата на децата што се остваруваат во рамките на општествената заштита, особено правата што децата ги остваруваат во установите за згрижување, воспитание и образование од предучилишна возраст, правата во врска со одморот и рекреацијата што се остваруваат преку соодветни органи и институции, паричните примања и другите облици на општествена заштита на децата предвидени со закон, која заштита треба да се обезбеди во надлежните институции во Републиката;
  • правата на децата без родители или без родителска грижа, права што се остваруваат во специјализираните установи за сместување и згрижување во Републиката;
  • правата на децата од областа на образованието што се остварува во основните училишта и во средните јавни училишта во Републиката и тоа во поглед на нивното вклучување во образовниот систем на секого под еднакви услови, и во поглед на нивниот третман во училиштата, во однос на нивните права на еднаквост и недискриминација, на забраната на телесно и психичко малтретирање во училиштата и забраната за политичко организирање и манипулација со децата за постигнување политички цели, како и на остварувањето на уставната гаранција за правото на настава на мајчин јазик во основното и во средното образование на припадниците на националностите, за слободата на вероисповед, но со почитување на законската забрана за верско организирање во училиштата;
  • правата на децата во областа на вработувањето во поглед на забраната за вработување на лица помлади од 15 години и во однос на посебната заштита на малолетните лица над 15 години кои се вработени, која заштита може да се обезбеди посредно преку инспекциските органи или непосредно ако станува збор за вработување во органи и организации пред кои одговорното лице за заштита на правата на децата може непосредно да постапува;
  • правата на децата што се остваруваат во здравствените установи особено во поглед на законската гаранција врз основа на начелото на заемност и солидарност да им се обезбеди задолжителна здравствена заштита, во вршењето на задожителните систематски прегледи чие вршење го обезбедува Републиката и во остварувањето на други права гарантирани со законите и подзаконските акти од областа на здравствената заштита;
  • правата на децата од областа на пензиското и инвалидското осигурување во поглед на остварувањето на правото на семејна пензија и други права од оваа област;
  • правата на децата во поглед на стекнувањето и губењето државјанство на Република Македонија, правата во поглед на личното име предвидени со соодветните закони, како и правата во врска со матичната евиденција кога тие права се остваруваат пред надлежните државни органи и организации;
  • правата на децата во случај на постапување на органите за внатрешни работи, односно на овластените лица во полицијата и други органи во поглед на нивните права при приведување и испитување гарантирани со Законот за кривична постапка и Кривичниот законик, како и правата на малолетните лица во казнено-поправните и воспитните установи.



Пребарување

Кaлендар на настани

август 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија