Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 21.12.2016

    ДЕКЛАРАЦИЈА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНИТЕ НА МЕДИТЕРАНОТ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО...

    повеќе
  • 21.11.2016

    БЕСПЛАТНА ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ИЗБИРАЧКО ПРАВО

    повеќе
  • 21.11.2016

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Заменици

Васка Бајрамовска-Мустафа

  • Родена е 1971 година во село Моране, Скопје.
  • 1992-1996 - работела како хонорарен соработник (новинар) во МРТВ;
  • 1996 - завршила Правен факултет во Скопје;
  • 1996-2006 -  била вработена како новинар/уредник во Редакција на ромски јазик ТВ „Бијандипе“ (Преродба) при МРТВ во кој период информира за состојбата со човековите права на припадниците на ромската заедница во Република Македонија и во Европа;
  • 2005-2006 - била член на експертската група за вработување при Европскиот центар за малцински прашања - ЕСМI;
  • 2006 - била вработена како Соработник во институцијата Народен правобранител на Република Македонија каде извршува повеќе работни задачи во врска со заштита на правата на граѓаните од областа потрошувачки права, здравствена заштита и здравствено осигурување, социјална заштита и сигурност и право на образование;
  • Како претставник на Народниот правобранител е номинирана за член на  работната група на Министерството за правда за изготвување на акционен план за човековите права и дискриминацијата и политичката партиципација на жените  - Роми во Република Македонија, согласно Стратегијата за Ромите во Република Македонија;
  • 2009 - станува Државен советник на Народниот правобранител  и работи во Одделението за  заштита на правата на децата и лица со посебни потреби;
  • Член е на Националната комисија за правата на децата и Подгрупата за трговија со деца, член на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво, како и претставник на Одделението во мрежата на детски правобранители во ЈИЕ CRONSEE;
  • 2013 - го положила правосудниот испит;
  • 22.07.2013 - е избрана за заменик - народен правобранител.

 

Јован Андоновски

  • Роден е 1980 година во Скопје, Република Македонија.
  • Дипломирал правни науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје;
  • 2001 г. - специјализирал меѓународно право на „Јагиелонскиот Универзитет“ во Краков, Република Полска;
  • 2015 г. - докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“во Скопје, на Катедрата по Римско право;
  • 1999 г. - 2002 г. работел во Собранието на Република Македонија на Проект на Националниот Демократски Институт;
  • 2003 г. - 2006 г. работел како адвокатски приправник;
  • 2006 г. - бил назначен за заменик-директор на Централниот регистар на Република Македонија;
  • 2007 г. - 2009 г.-  работел во Министерството за надворешни работи;
  • 2009 г. - 2014 г. - бил државен секретар во Секретаријатот за европски прашања;
  • 2015 г. - работел како државен советник во Секретаријатот за европски прашања;
  • 2015 г. - е избран за насловен доцент на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип;
  • Октомври 2016 година е избран за заменик - народен правобранител.
  • Говори англиски, германски и полски јазик. Автор е на бројни стручни и научни публикации и дела од областа на правото во државата и странство.
 

Сузана Салиу

  • Родена 1960 година во Сарај-Скопје.
  • 1979 г. - завршила средно училиште во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје;
  • 1984 г. - дипломирала на Правниот факултет во Приштина;
  • 1985 г. - работи како новинар во весникот на албански јазик "Флака е Влазеримит", односно „Флака“ на НИП "Нова Македонија";
  • 1997 г. - е избрана за заменик - народен правобранител;
  • 2004 г. - положила правосуден испит во Скопје;
  • 2006 г. - е избрана за член на Управен одбор и потпретседател на здружението на граѓани „Транспарентност – нулта корупција“ која стана членка на „Transparency International” со седиште во Берлин;
  • 2008 г. - магистрира правно-административни науки на темата „Омбудсман – Европско искуство и инскуството во Република Македонија“;
  • 2008 г. - е избрана за редовен правен советник во „Транспарентност – нулта корупција“;
  • 2009 г. - е избрана за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје.
  • 2009 г. - е избрана за потпретседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинителич;
  • 2011 г. - е избрана за пратеник и потпретседател во Собранието на Република Македонија;
  • 2015 г. - е назначена за директор на Центарот за управување со кризи;
  • Октомври 2016 г. - е повторно избрана за заменик-народен правобранител.
 

Даут Селими

  • Роден е 30.01.1953 годинаво село Колари.
  • 1977 - завршил правен факултет во Приштина;
  • 1977 - бил вработен како приправник во Општинскиот суд Кичево;
  • 1979 - бил избран за судија за прекршоци во Општинскиот суд за прекршоци во Кичево;
  • 1986 - бил повторно избран за судија на истиот суд;
  • 1986 – 1991 -ја извршувал функцијата на претседател на Здужението за човекови права;
  • 1987 - бил назначен за стручен соработник во судот за прекршоци во Кичево;
  • 1995 - бил назначен за раководител на кривичното, граѓанското и вонпарничното одделение во Основен суд Кичево;
  • 1999 - бил избран за секретар на Советот на Општина Зајас;
  • 1999 - бил именуван за раководител на Одделението за одбрана на подрачната единица во Кичево.
  • 2004 - бил претседател на Црвениот крст во Кичево, член на Извршниот одбор на Црвениот крст на Република Македонија и член на Статутарната комисија на оваа хуманитарна организација.
  • 15.07.2005 - е избран за заменик народен правобранител.

Насер Весељи

  • Роден е 20.04.1958 година во село Липково, општина Липково.
  • 1990 - дипломирал на Правниот факултет;
  • 1990 - се вработил како адвокатски соработник;
  • 1994 - работел како даночен инспектор во Управата за јавни приходи на Министерството за финансии во Куманово;
  • 2002- станал советник - инспектор во Регионалната дирекција Штип - Даночно одделение во Куманово;
  • 15.07.2005 - е избран за заменик народен правобранител.

 

Ирина Стојановска

  • Родена e 11.01.1975 година во Тетово.
  • 1993 - матурирала во средно медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово;
  • 1997 - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
  • 2000 - положила правосуден испит;
  • 2001-2002 - работела како дипромиран правник со положен правосуден испит во Нотарска канцеларија во Тетово;
  • 2002 - била вработена во Основен суд Тетово како стручен соработник;
  • 2005 – е унапредена во судски соработник во Основен суд Тетово;
  • 22.07.2013 - е избрана за заменик народен правобранител
 

Славчо Тимов

  • Роден е 26.01.1962 година во Струмица.
  • 1985 - Прво вработување му е како студент во фабриката Schindler AG во Луцерн – Швајцарија;
  • 1988 - завршил факултет за правни и политички науки во Скопје;
  • 1992-1993 - бил вработен какo приправник во адвокатска канцеларија;
  • 1994 – положил правосуден испит;
  • 1994-1996 – е сопственик на приватна фирма;
  • 1998-2003 - бил вработен како стручен соработник во Основен суд Струмица;
  • 2003-2009 –е унапреден во Виш соработник во Основен суд Струмица;
  • 2009-2013 – е Виш судски соработник во Основен суд Струмица;
  • 22.07.2013 - е избран за заменик народен правобранител.
 

Елена Ѓоргоноска-Маневска

  • Родена е на 05.08.1970 година во Струга каде го завршила основното образование.
  • 1989 - матурирала на Средното економско училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид;
  • 1995 - дипломирала на Правниот факултет во Скопје;
  • 1995 - 1999 - била приправник - волонтер во Основното јавно обвинителство Штип;
  • 1998 - го положила правосудниот испит.
  • 1999 -2002 - работела како референт во ДПТУ „Ѓоргон - Владимир“ Дооел;
  • 2002 - 31.08.2002- станала референт по правни работи и работни односи во ДПТУ „Ѓоргон Владимир“ Дооел;
  • 2002 -2004 – се вработила како стручен соработник во Основен суд Штип;
  • 2005-2007 повторно работи као референт по правни работи и работни односи во ДПТУ „Ѓоргон Владимир“ Дооел;
  • 2007 -2009 година – била вработена како Советник - за запишување на права на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности - Одделение за катастар на недвижности - Штип;
  • 2009 - била Советник - Самостоен јавнообвинителски советник во Основно јавно обвинителство Штип.
  • 22.07.2013 г. е избрана за заменик-народен правобранител.



Пребарување

Кaлендар на настани

јануари 2017
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 48
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија