Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 08.04.2021

    0800 88 500 БЕСПЛАТНА СОС ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА, ОТВОРЕНА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ...

    повеќе
  • 02.04.2021

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 2 АПРИЛ СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПОДИГАЊЕ...

    повеќе
  • 01.03.2021

    С О О П Ш Т Е Н И Е

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Народен правобранител

Насер Зибери

  • роден 1961 година во с.Ласкарци-Скопје;
  • 1980 година завршил средно образование во Гимназијата „Зеф Љуш Марку“ –Скопје;
  • 1985 година дипломирал на Правниот факултет во Приштина, Република Косово;
  • од 1986 до 1990 година работел во НИП „Нова Македонија“ како новинар во редакцијата на дневниот весник „Фљака е Влазеримит“;
  • 1990 - на првите повеќепартиски избори избран е за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Пратеничкиот мандат го добива и на вторите парламентарни избори одржани 1994 година, како и на третите одржани 1998 г.;
  • во периодот 1990-1994 година бил претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, како и член на Комисијата за уставни прашања. Во истиот период бил член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во парламентарното собрание на ОБСЕ;
  • во периодот 1996 - 1998 година ја извршува функцијата министер за труд и социјална политика и потпретседател на Владата на Република Северна Македонија;
  • извршувајќи ја ова функција активно соработува со граѓанскиот сектор, невладините  и синдикалните организации, Стопанската комора, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Во времето на неговиот мандат направени се крупни реформи во областа на трудовото право, социјалната заштита, правата на детето, заштитата на семејството, како и реформи во областа на пензиското и инвалидското осигурување, заштита на правата на работниците, ранливите категории - социјалните групи и лицата со посебни потреби. За неговата работа има добиено бројни признанија, благодарници и дипломи од невладините организации, Црвениот крст и други релевантни субјекти;
  • во овој период учествувал на многу домашни и меѓународни конференции, обуки, семинари, работилници и трибини во областа заштита на човековите слободи и права;
  • во перидот 1998 до 2002 година бил координатор на пратеничката група на Партијата за демократски просперитет, член на Законодавно-правната комисија и член на Комисијата за уставни прашања;
  • Во текот на 2001 година бил член на експертската група за изготвување на Охридскиот рамковен договор и промените на Уставот на Република Северна Македонија предложен од пратеничката група на Партијата за демократски просперитет;
  • Бил член на Државната комисија за избирачки списоци во Собранието на Република Македонија, член на Координативното тело на Владата на Република Македонија за справување со кризата во 2001 година, како и член на Правниот совет на Владата на Република Македонија;
  • Во 2004 година е избран за нотар за подрачјето на Основните судови на градот Скопје;
  • 25.12.2020 година е избран за Народен правобранител.

 




Пребарување

Кaлендар на настани

април 2021
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија