Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Постапка

Кога Народниот правобранител ќе констатира дека се повредени правата на подносителот од органите од член 2 од Законот за народниот правобранител може:

  • да даде препораки, предлози, мислења и укажувања за начинот на отстранување на констатираните повреди (препорака дава кога со сигурност е утврдено дека станува збор за повреда на правата со конкретен акт или дејствие, а мислење дава кога ќе оцени дека е потребна измена или дополнување на општ акт на органот или организацијата. Укажувања се упатуваат во случај кога од фактичката состојба произлегува дека со продолжувањето на одредено однесување на органот или организацијата би се повредиле правата на подносителот на претставката);
  •  да предложи повторно спроведување определена постапка во согласност со закон, ако се исполнети законските услови за повторување или обнова на постапката по барање на странката или ако има основ за промена на управниот акт по службена должност;
  • да покрене иницијатива за поведување дисциплинска постапка против службено или одговорно лице, ако оцени дека со неговото постапување, односно непостапување има основ за сомнение дека ја прекршило работната или службената должност;
  • да поднесе барање до надлежниот јавен обвинител за утврдување казнена одговорност доколку се оцени дека постои основано сомение за сторен прекршок или кривично дело предвидени со закон;
  • да побара времено одложување на извршувањето на управниот акт до одлуката на второстепениот орган или до донесување одлука од надлежен суд, ако констатира повреда на правата, а извршувањето на управниот акт би предизвикало ненадоместлива штета за некоја од странките во спорот.

Народниот правобранител, кога е тоа можно, во текот на постапката се зазема за спогодбено решавање на предметот.
Со спогодбеното решавање на предметот постапката по предметот се смета за завршена.
Спогодувањето мора да биде во согласност со Уставот и со законите.

Во текот на постапката народниот правобранител може да се повика и на начелото на правичност кога од објективни и субјективни околности и постојното позитивно право произлегува дека со примена на законските одредби би дошло до очигледна неправичност.

При следење на состојбите за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците Народниот правобранител постапува: по поднесени претставки; по сопствена иницијатива ако на кој било начин дојде до сознанија дека не се почитуваат овие начела; врз основа на извршени непосредни  увиди во органите, организациите и установите; со следење на програмски предвидените обврски на органите и организациите; со следење на огласите за прием на нови работници во органите и организациите што се должни да ги почитуваат наведените уставни начела.

Заради обезбедување и почитување на уставните и законските права и начелата на недискриминација и соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците Народниот правобранител може по сопствена иницијатива да упатува препораки, мислења и критики до органите пред кои е надлежен да постапува  доколку оцени дека со одделни општи или поединечни акти, со преземање или непреземање одредени активности на наведените органи или организации не се почитуваат или не се создаваат правни механизми за почитување и остварување на правата на граѓаните и за остварување на наведените начела во однос на припадниците на заедниците.

По добивање на претставката Народниот правобранител може да одлучи да не покрене постапка или да не ја земе во разгледување претставката ако е анонимна, не е поднесена во определениот рок или ако претставува злоупотреба на правото на жалба, но е должен во што пократок рок да го извести подносителот, да му ги објасни причините за тоа и по можност да го упати на кој начин да го оствари правото.

Народниот правобранител ќе ја отфрли претставката ако:

  • од податоците што му стојат на располагање произлегува дека не се работи за повреда на основните слободи и права на човекот и граѓанинот;
  • претставката не е комплетна и ако подносителот по претходно укажување од народниот правобранител не ја дополнил и
  • по предметот на претставката во тек е судска постапка

Народниот правобранител не покренува постапка ако од дејството или од последната одлука на органот, односно организацијата изминало повеќе од една година, освен ако оцени дека иницијаторот рокот го пропуштил од оправдани причини.

Ако народниот правобранител одлучи да покрене постапка за тоа го известува подносителот на претставката и органот, односно организацијата на која се однесува претставката.

Во рамките на својата надлежност, по приемот на претставката, во постапката Народниот правобранител може да:

  • побара потребни објаснувања и дополнителни информации од органите, односно организациите за наводите во претставката;
  • изврши непосреден увид во работите од надлежност на органите, односно организациите;
  • покани на разговор функционер или службеник на органот, односно организацијата и секое друго лице, како и да побара мислење од научни и стручни институции.

Органите и организациите се должни да соработуваат со Народниот правобранител и на негово барање да му ги обезбедат сите податоци и информации без оглед на степенот на доверливост и да му овозможат спроведување на постапката. Прописите за чување тајна го обврзуваат народниот правобранител.

Кога народниот правобранител ќе констатира дека на подносителот на претставката му е повредено некое уставно или законско право, до органот или организацијата што го повредиле правото може да:

  • предложи органот, односно организацијата да спроведе одредена постапка согласно со законот;
  • поднесе барање до надлежниот орган за поведување управен спор;
  • поднесе барање до органот, односно организацијата за времено запирање од извршување на актот;
  • предложи поведување на дисциплинска постапка против службено лице на органот, односно организацијата;
  • поднесе барање до надлежниот јавен обвинител за покренување постапка заради утврдување на прекршочна или кривична одговорност;
  • даде предлози за подобрување на работењето и однесувањето на органите, односно организациите со странките.

Органите и организациите се должни да постапат по предлозите, мислењата и препораките на Народниот правобранител и во рок не подолг од 30 дена да го известат за преземените мерки и активности по неговите барања. Доколку органите и организациите не постапат и не го известат Народниот правобранител за спроведување на неговите предлози и препораки или пак истите само делумно ги прифатат Народниот правобранител за тоа може да го извести непосредно повисокиот орган, надлежното министерство, Владата на Република Македонија, а со посебен извештај да го извести и Собранието на Република Македонија или предметот јавно да го објави.

Откако Народниот правобранител ќе ја заврши постапката го известува подносителот на претставката.




Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија