Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 28.04.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД СЛУЧУВАЊАТА СО НАСИЛСТВО ВО...

    повеќе
  • 30.03.2017

    ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА БЕШЕ ПРЕЗЕНТИРАН ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТЕПЕНОТ НА...

    повеќе
  • 16.03.2017

    РЕАКЦИЈА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ОБИДИТЕ ЗА ИНВОЛВИРАЊЕ НА ДЕЦА ВО...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Твининг проект: Активности

10.05.2012, Скопје

ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ КАКО ПАЦИЕНТИ - ТЕМА НА ТРКАЛЕЗНАТА МАСА ШТО СЕ ОДРЖА ВО РАМКИТЕ НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИОТ ОМБУДСМАН

  • „Дали лицата со инвалидност имаат пристап, не само урбанистички, туку  воопшто до соодветни здравствени и друг вид установи за третман, лекување и рехабилитација? Дали овие лица имаат можност без проблеми да ги набават потребните лекарства и дали има доволен број центри за рехабилитација?“
    Ова се дел од  дилемите за кои се дискутираше на Тркалезната маса со наслов: „Правата на лицата со посебни потреби како пациенти“ што во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската унија (ИПА), во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција, се одржа во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
    „Лицата со посебни потреби, за жал, поради нивниот хендикеп многу почесто се судруваат со разни потешкотии во нивното секојдневие бидејќи не секогаш им се овозможуваат правата што им припаѓаат на сите граѓани. Затоа општеството треба да им овозможи еднакви услови, можности и пристап  првенствено до здравствените установи.“ - рече меѓу другото народниот правобранител г. Иџет Мемети отварајќи ја Тркалезната маса. Според него со остварувањето на правата пред се од здравствената заштита ќе се покаже грижата за лицата со посеби потреби дека се прифатени во општеството како еднакви.
    За искуствата на Народниот правобранител од постапувањето по претставките поднесени од лица со посебни потреби зборуваше заменик-народниот правобранител г-ѓа Невенка Крушаровска, додека искуствата од работата во оваа сфера на заштитникот на правата во Франција го пренесоа:  г-ѓа Рашел Мутие и г-ѓа Фабиан Жегу, претставници од оваа институција.
    Свое учество на Тркалезната маса имаа и претставници од министерствата за здравство и за труд и социјална политика, од Заводот за ментално здравје, како и од невладиниот сектор.

    Препораки

 

08.02.2012, Скопје

„МЕХАНИЗМИ ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

  • „Механизмите за заштита од дискриминација во Република Македонија“ беше тема на Тркалезната маса која се одржа во ЕУ Инфо Центарот во Скопје во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман, финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија (ИПА), во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Заштитникот на правата на Франција.
    „Од особена важност е фактот што ќе дискутираме за основите на дискриминацијата на кои најчесто се жалат граѓаните, но и за причините поради кои граѓаните не ги препознаваат сите форми на дискриминација присутни во нашето општество, поради што многу често не се свесни ниту за фактот дека биле дискриминирани.“- истака меѓу другото во поздравниот говор народниот правобранител г. Иџет Мемети.
     Според заменикот-народен правобранител м-р Драги Целевски дискриминацијата е присутна во сите сфери на општеството, а особено по основ на етничката припадност и политичкото уверување.
     „Поради ова, покрај доследното преземање дејствија за откривање и санкционирање на дискриминацијата, потребно е и преземање превентивни активности. Во овој контекст особено е значајно спроведување информативно-едукативни кампањи за јакнење на свеста во насока за доследно остварување на начелото на еднаквост на сите граѓани.“ - рече г. Целевски.
    Искуствата од работата на полето на заштитата од дискриминација на Заштитникот на правата на Франција ги пренесе г-ѓа Нефели Јатропулос,  претставник на таа институција. Таа, меѓу другото, информира дека една од целите во работата на оваа институција е постојано развивање нови алатки за комуникација и обука на граѓаните за развивање на нивната свест и запознавање со нивните права за да можат да се обратат за помош секогаш кога ќе бидат дискриминирани.
    Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација г. Душко Миновски изјави дека Комисијата примила вкупно 61 претставка и дека претставките најчесто се однесуваат на работните односи. Според него, во сите случаи за кои Комисијата дала препораки, органите постапиле, освен за еден случај за кој се уште се води постапка.
    На Тркалезната маса учестуваа и претставници од невладиниот сектор.

 

24.11.2011, Скопје

„ЗАШТИТА ОД СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО - ЖЕНАТА И СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО“

  •  „Заштита од семејното насилство - жената и семејното насилство“ беше тема на Конференцијата што се одржа во Скопје во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската Унија - ИПА во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција.
    „Во Република Македонија семејното насилство го има многу повеќе отколку што покажуваат бројките на институциите. Ова пред се се должи на  традиционалните сфаќања, менталитетот, немањето храброст и несигурноста на жртвата да се спротивстави на насилството.“ - истакна во своето обраќање на отварањето на Конференцијата, народниот правобранител г. Иџет Мемети.
    Омбудсманот потенцираше дека е потребна добра комуникација и соработка на сите институции кои работат на полето на семејното насилство. “Комуникацијата е неопходна за да се успее во справувањето со овој феномен. Токму затоа потребно е да се развиваат проекти кои пред се ќе имаат за цел едукација за спречување и заштита од семејно насилство.“ - рече г. Мемети.
    Заменикот-народен правобранител, г-ѓа Невенка Крушаровска зборувајќи за искуствата од работењето на Народниот правобранител на полето на семејното наисилство, истакна дека претставки за заштита од семејно насилство најчесто поднесуваат жените кои заедно со децата се жртви на овој вид насилство.
    „Жената како жртва на семејно насилство е дискриминирана и притоа и се повредува основното човеково право на достоинствен живот. Многу почесто овој вид насилство кај Народниот правобранител го пријавуваат луѓе што живеат во градските средини, а поплаките се дека полициските органи и надлежните центри не преземаат мерки за заштита. Истовремено, во семејствата каде има насилство децата се жртви, без оглед дали директно биле изложени или само биле сведоци на насилство.“ - рече г-ѓа Крушаровска.
    За искуствата од работата на полето на заштитата од семејно насилство зборуваше омбудсманот на Арагон г. Фернандо Гарсија Висенте, додека за начинот на справување со семејното насилство во Франција говореше г-ѓа   Муриел д Годмон, раководител на Комитетот на жената при Меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернацинал – Франција. 
    На Конференцијата учествуваа и претставници од: Министерството за труд и социјална политика, Националното координативно тело за борба против смејното насилство, Основниот суд Скопје 2, Апелацискиот суд Скопје и од Министерството за внатрешни работи. 

          Препораки 

 

28.10.2011, Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА: „ВО КОЈА МЕРА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ГИ ОСТВАРУВААТ НИВНИТЕ ПРАВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?“

  • Во рамките на Твининг проектот за поддршка на македонскиот омбудсман финансиран од претпристапните фондови на Европската унија (ИПА), во кој партнери се: шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција, за промоција на новоотворените одделенија меѓу кои и Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби, Народниот правобранител на 28-ми октомври во Инфоцентарот на Европската унија во Скопје одржа тркалезна маса на тема: „Во која мера децата со посебни потреби ги остваруваат нивните права во Република Македонија?“
    На Тркалезната маса учествуваа претставници од Народниот правобранител, како и од твининг партнерите: Омбудсманот на Кралството Шпанија и Медијаторот на Република Франција. Како излагачи и учесници беа претставници од: Министерството за образование и наука - Сектор за основно и средно образование, Министерството за здравство - Национален интерсекторски комитет за унапредување на здравјето на децата со пречки во развојот, Министерството за труд и социјална политика, Заводот за ментално здравје, Заводот за социјални дејности, претставници од основни и средни училишта за деца со посебни потреби, како и претставници од невладини организации кои работат со лица со посебни потреби.
    Особено внимание беше посветено на неколку прашања што се однесуваат на децата со посебни потреби, односно на правата од областа на: образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, инклузијата и пристапот до добра и услуги.
    Од излагањата, работата во работните групи и дискусиите донесени се заклучоци и препораки.

06.10.2011, Скопје

ТРКАЛЕЗНА МАСА: „КОМПАРАТИВНО ИСКУСТВО ОД ОБЛАСТА НА ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА И УЛОГАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ“

  • Во рамките на Твининг проектот за поддршка на Народниот правобранител на Република Македонија во кој твининг партнери се шпанскиот Национален омбудсман и Медијаторот на Франција, на шести и седми октомври во Скопје се одржа Тркалезна маса на тема: „Компаративно искуство во областа на лишување од слобода и улогата на Народниот правобранител“.
    Во поздравниот говор, народниот правобранител г. Иџет Мемети истакнувајќи го своето задоволство од присуството на колегите од канцелариите на шпанскиот и францускиот омбудсман и можноста за размена на искуства во оваа мошне деликатна област, рече: „На оваа средба може и конкретно да се зборува за преземени активности од страна на нашиот национален превентивен механизам бидејќи тој веќе е оперативен и можеме да се пофалиме со повеќе спроведени посети на места на лишување од слобода и секако врз основа на тоа и со донесени констатации и препораки“.
    Според него, многу е важно што на тркалезната маса присуствуваа и    претставници на сите релевантни органи кои се на различен начин надлежни за остварувањето на правата на лицата лишени од слобода бидејќи воспоставувањето одредена практика во начинот на соработка од самиот почеток има голема улога за ефективно функционирање согласно стандардите на ОПКАТ- от.
    За полициската постапка при лишување од слобода зборуваше Жаклина Просароска, полициски советник за јавен ред и мир при Министерството за внатрешни работи, за тековните реформи во пенитецијарниот систем со фокус на алтернативните мерки за лишување од слобода говореше Лидија Гавриловска, директор на Управата за извршување на санкции, а за „de facto“ и „de jure“ лишување од слобода говореше г. Владо Ортаков, прв потпретседател и член на Комитетот против тортура при Советот на Европа. 
    За искуствата во заштитата на правата на лицата лишени од слобода со посебен акцент на малолетниците и странците говореа: претставникот од канцеларијата на Медијаторот на Франција г. Жан Франсоа Грато и претставниците од канцеларијата на Омбудсманот на Шпанија г-ѓа Естер Пино Гамарео и г. Андреас Хименес.
     На средбата присуствуваа и претставници од судската власт, невладиниот сектор и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје.
       
  • 23.11.2012,Скопје
  • ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЗАТВОРАЊЕТО НА ТВИНИНГ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФИНАНСИРАН ОД ФОНДОВИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
  • „Овој проект беше од голема важност за нашата институција особено за новата надлежност Народен правобранител- Национален првентивен механизам, како и за двете одделенија- одделението за недискрминација и соодветна и правична застапеност и одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби. За севкупната негова успешност  говори и фактот што во ЕУ билтенот на проектите финансирани од ЕУ фондовите, токму овој проект беше посочен како добра практика и успешно реалзиран проект„
    Ова меѓудругото го рече народниот правобранител г. Иџет Мемети на прес-конференцијата, што се одржа по повод затворањето на твиниг проектот насловен како „Поддршка на омбудсман институцијата„ што изминатите две години се финасираше од претпристапните фондови на Европската Унија-ИПА, а во кој партнери беа канцелариите на шпанскиот и францускиот омбудсман.
    Според шефот на делегацијата на Европската Унија во Македонија  Н.Е амбасадорот Аиво Орав овој проект е дел од заложбите на Европската Унија  за зајакнување на капацитетите на институциите кои работат во делот на човековите слободи и права.
    „Проектот се фокусираше на правата на децата и лицата со посебни потреби, превецијата од тортура, дискриминацијата како и еднаквата застапеност на претставниците на малцинствата, односно на зајакнување на капацитетите на омбудсманот во работота во овие сфери„ рече амбасадорот Орав.
    За значењето на твининг проектот зборуваше и г-ѓа Кармен Комас Мата Мира, шеф на кабинетот на омбудсманот на Шпанија, која истакна дека за времетрањето на проектот биле направени 36 мисии ,а учествувале 60 експерти од Франција и Шпанија.Таа посебно ја нагласи размената на искуствата што ги направија трите канцеларии се со цел зголемување на ефикасноста во работата.
    Инаку, со проектот кој чинеше 600.000 евра беше надграден и постојниот информациски систем на главната и шесте регионални кацеларии на омбудсманот.



Пребарување

Кaлендар на настани

мај 2017
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија