Новости и настани
01.03.2021
Скопје
С О О П Ш Т Е Н И Е
Народниот правобранител ги информира граѓаните дека активно ќе го следи процесот на спроведување на Пописот 2021 година, за целиот период на неговото времетраење и тоа од 1 март до 21 април.
За таа цел секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право може да поднесе претставка по електронски пат на адресата contact@ombudsman.mk .
Народниот правобранител по поднесената претставка ќе ја спроведе потребната постапка и за исходот ќе го информира подносителот.
НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
Одделени за односи со јавност