Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 20.11.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 11.11.2020

    ИН МЕМОРИАМ

    повеќе
  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

20.11.2020

Скопје

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО

По повод 20. Ноември - Светскиот ден на детето кој оваа година се одбележува под мотото: „Вложувањето во нашата иднина значи вложување во нашите деца“, Народниот правобранител, потсетувајќи на важноста на овој ден,потенцира дека истиот треба да биде поттик за уште поголем интерес на надлежните органи за подобрување на состојбата со правата на детето, и за континуирани заложби и ативности за овозможување уживање на овие права, секој ден во годината, на начин како што налага Конвенцијата за правата на детето.

Несомнени се заложбите за подобрување на состојбата со правата на детето како на домашен, така и на меѓународен план. Но, фактот дека,  не секое дете има непречен пристап до овие права дека голем број деца немаат  основни услови за живот, оставени сами, на маргините на семејството, заедницата, општеството, без потребната грижа и внимание, укажува дека мораме попосветено да работиме во надминување на сиромаштијата и ризиците кои го попречуваат хармоничниот развој на личноста на детето. Правото на детето на еднаков третман, соодветен животен стандард, најдобриот интерес и нивното вклучување во донесувањето одлуки кои ги засегаат нив самите нѐ задолжува кон нив да се однесуваме со должно внимание обезбедувајќи услови за нивен натамошен просперитет, со однос и третман кон нив како активни субјекти и носители на права.

Свесни сме дека промените бараат време, но времето подразбира и нови генерации на деца кои ќе можат да ги уживаат благодетите од правата кои им се гарантирани.

Затоа, во контекст на  мотото под кое се одбележува денешниот ден ќе укажам, доколку сакаме да обезбедиме стабилна, сигурна и просперитетна иднина за нашето општество, треба час поскоро да се осврнеме кон децата и обезбедувањето непречено остварување на правата на секое дете, без исклучок, а основните принципи - темелите на правата во Конвенцијата за правата на детето треба да бидат императив во нашето работење.
 
Упатувајќи апел за заедничко дејствување за подигање на јавната свест за правата на детето, сакам да укажам дека грижата и заштитата на децата е обврска на секој од нас и сите ние треба да придонесеме за нивен правилен психофизички развој, да ги воспитаме и образуваме во духот на толеранцијата и прифаќање на различностите, да ги научиме како да одбегнуваат конфликтни ситуации и да го изберат дијалогот како начин на решавање на проблемите, со што ќе придонесеме детето да биде подготвено да живее во духот на мирот, достоинството, толеранцијата, слободата, рамноправно и солидарно со другите.

                                                               НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

ноември 2020
П В С Ч П С Н
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија