Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • 09.10.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 06.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

06.10.2020

Скопје

ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Денес кога во целиот свет се одбележува Денот на лицата со церебрална парализа, Народниот правобранител со цел подигање на јавната свест и поголемо вклучување на овие лица во заедницата укажува на обврската на државата да обезбеди целосно уживање на правата, да осигура пристап и да создаде можности за квалитетен живот на децата и лицата со церебрална парализа.

Церебралната парализа не е невообичаено нарушување туку нарушување кое погодува милиони луѓе ширум светот. Имено, глобално околу 17 милиони лица со церебрална парализа и дополнително 350 милиони луѓе се директно или индиректно засегнати од оваа состојба, што значајно влијае врз целокупниот живот, како на лицето со церебрална парализа, така и на неговото семејство.

Народниот правобранител, свесен за бројните предизвици со кои се соочуваат овие лица и нивните семејства, ја истакнува потребата од преземање мерки со цел значителна промена на односот на општеството кон лицата со церебрална парализа, потсетувајќи на обврската на општеството да создаде услови за пристап до физичка средина, транспорт, информации и комуникации, како и до капацитети и  услуги, со што ќе се промени се уште присутната слика на деца и лица со церебрална парзализа кои  живеат изололирано од заедницата, во неподдржувачка средина и непристапно опкружување.
 
Децата и возрасните со церебрална пазрализа заслужуваат да бидат слушнати. Тие треба да излезат од сенката и да ги искажат своите потреби и проблеми со кои се соочуваат секојдневно. Само со реални заложби ќе им овозможиме подобар општествен статус на овие лица , што впрочем е и една од целите на одбележувањето на овој Ден, односно промовирање на поинклузивни општества за лицата со церебрална парализа.

Затоа, овој ден нека биде поттик сите  да придонесеме за подобар и квалитетен живот преку достапни специјализирани помагала кои значително ќе го олеснат секојдневниот живот на овие лица и нивните семејства.
Да им озвоможиме достапност до потребните информации, подобри можности за образование и вработување, како и препознавање на местата каде што овие лица ќе можат да добијат совети за нивните права и начините за нивно остварување.

Во овој контекст Народниот правобранител потсетува дека Одделението за заштита на правата на децата и лицата со попреченост во чии рамки дејствува тимот за мониторирање на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е секогаш подготвен да им ја даде потребната поддршка, и отворен е за соработка со овие лица, нивните семејства, како и пошироко со здруженијата и организациите во кои членуваат.



Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија