Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.06.2020

Скопје

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА ПОДДРШКА НА ЖРТВИТЕ ОД ТОРТУРА

Со прогласувањето на 26 јуни како Меѓународен ден за поддршка на жртвите од тортура  се одбележува моментот кога во 1987 година стапи на сила Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и друг вид на сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување.

Конвенцијата го истакнува апсолутниот карактер на забраната за тортура и ја наложува потребата од спроведување политики за нулта толеранција во случаите на нејзино постоење.

На овој ден ја изразуваме солидарноста со жртвите на тортура и нивните семејства, а истовремено ги реафирмираме и барањата за обезбедување соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка на овие лица.

Секој заслужува хуман третман, а тортурата не е ништо друго туку злосторство против човештвото. Ова налага сите луѓе , па и на оние кои од било која причина слободата на движење им е ограничена да бидат третирани без да им се погази достоинството. Посебно за нив треба да се води грижа сега во услови на пандемија со вирусот Ковид-19 .Ограничувањето на нивната слобода не смее да предизвика ограничување во нивната здравствена заштита.

Народниот правобранител работи континуирано и посветено во борбата против тортурата, а секоја година, веќе 9 години по ред, на овој ден го објавува и Годишниот извештај на Националниот превентивен механизам.
Извештајот содржи приказ на состојбите во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и анализа на преземените активности за превенирање од тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување во овие места.

Констатираните состојби и упатените препораки до надлежните власти за надминување на утврдените недостатоци се резултат на вкупно 22 превентивни посети, што тимот на Националниот превентивен механизам ги спроведе во текот на 2019 година.

                                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ


Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија