Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 26.06.2020

    СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 26 ЈУНИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА...

    повеќе
  • 17.06.2020

    СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

    повеќе
  • 09.06.2020

    ДОСТАВЕНО МИСЛЕЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО ВРСКА СО ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

17.06.2020

Скопје

СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО НАПЛАТУВАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА СВЕДИТЕЛСТВАТА

Народниот правобранител, имајќи ги предвид сознанијата дека дел од училиштата во државата им наплаќаат на учениците за издавање на свидетелство за завршено образование,  како и дека наведеното е долгогодишна практика, а во некои училишта се случува првпат укажува дека  училиштата не смеат да наплаќаат за издавање на овој документ.

Согласно правната регулатива која го уредува правото на образование (Законот за основно и Законот за средно образование) секое дете, има право на бесплатно и квалитетно основно воспитание и образование, односно право на  средно образование кое е задолжително за секој граѓанин, под еднакви услови. При тоа, средното образование во јавните средни училишта е бесплатно.

Со оглед дека учебната година заврши, a на учениците треба да им бидат издадени свидетелства, кои пак, се неопходна документација за запишување односно продолжување на образованието, Народниот правобранител  им укажува на училиштата дека свидетелството претставува јавна исправа која во еден примерок му се издава на ученикот и за издавање на истото не смеат да ги условуваат учениците односно родителите/старателите со претходно уплаќање на определени средства.

Во тој контекст  Народниот правобранител ги охрабрува учениците односно нивните родители/старатели ваквите случаи на наплата кои се вршат спротивно на закон да ги пријават во Државниот просветен иснпекторат или кај Народниот правобранител, а воедно апелира од страна на овој орган кој врши контрола над работата на училиштата и остварувањето на правата во областа на образованието соодветно да реагира за да ги спречи ваквите незаконити наплати и истите да се санкционираат.


                                                                      НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ

Пребарување

Кaлендар на настани

јули 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија