Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • 09.10.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 06.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

31.03.2020

Скопје

ПРЕПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗА ЗАШТИТА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД ВИРУСОТ КОВИД-19

Народниот правобранител, согласно надлежностите утврдени во Законот за народниот правобранител („Службен весник на РМ“ бр.60/03,114/09,118/16, 189/16, 35/18), следејќи ја состојбата со остварувањето и заштита на правата на граѓаните, посебно на децата, старите и изнемоштени лица, лицата со попреченост, социјално загрозените лица, лицата/семејствата кои живеат во субстандардни услови и бездомниците, како најранливи категории во општеството, со оглед на прогласената вонредна состојба, а заради заштита и справување со последиците од вирусот Ковид-19, смета дека надлежните институции потребно е да ги засилат активностите на следење на состојбите, професионално и навремено да постапуваат, при што мерките и активностите кои се преземаат да бидат утврдени во јасни и конкретни Протоколи, кои ќе превенираат од каква било форма на повреда на човековите права.

Имајќи ја предвид моменталната состојба Народниот правобранител укажува дека наведените категории граѓани стануваат уште поранливи во овие услови кога мерките и активностите се насочени кон превенирање од натамошното ширење на коронавирусот.

Социјалното дистанцирање несомнено влијае на севкупната состојба кај овие граѓани, при што стресот е особено изразен кај децата, старите и изнемоштени лица, лицата со попреченост, социјално загрозените лица и бездомниците, како лица кои се со послаб имунитет, а некои од нив и со придружни заболувања, со што спаѓаат во високо ризичната група, кај кои може да дојде до сериозни здравствени проблеми доколку се разболат од овој вирус.

Народниот правобранител ги поздравува активностите и мерките на Владата во справувањето со пандемијата прогласена и од Светската здравствена организација, но потсетува дека овие мерки за превенција, во кои се вбројуваат социјалното дистанцирање и самоизолацијата, може да наидат на потешкотии при спроведувањето кај дел од споменатите категории на граѓани, особено децата, старите и изнемоштени лица, како  и лицата со попреченост, посебно кога целосно зависат од други лица при задоволување на нивните основни потреби (како на пр. хранење, облекување, капење, обезбедување на потребни намирници и лекови  и сл.).

Дополнително, некои од споменатите категории граѓани имаат поголеми секојдневни трошоци, (поради диететски режим или редовната терапија која мора да ја примаат членовите на нивните семејства ), што несомнено укажува дека истите не можат да си дозволат да обезбедат доволно храна, хигиенски средства и сл. поради што од особено значење е надлежните органи во соработка со единиците на локалната самоуправа  преку формираните мобилни тимови да обезбедат помош и поддршка на овие лица.
Во овој контекст Народниот правобранител препорачува да се обезбеди целосна и континуирана грижа и помош на горенаведените категории граѓани, особено на старите /изнемоштените, бездомниците, како и лицата со попреченост, имајќи предвид дека во најголем број се зависни од услугите кои се прекинати во моментот и можеби немаат доволно средства да обезбедат храна и лекови, или да платат дополнителни трошоци за испорака на истите во домашни услови.

Во насока на унапредување на грижата на државата за сите граѓани, а особено на децата, старите/изнемоштените лица, лицата со попреченост, социјално загрозените лица и бездомниците, во актуелната состојба во која се наоѓаме, Народниот правобранител препорачува  доследно да се преземаат следните дејствија, мерки и активности:

Правилно и навремено информирање за состојбите со активностите кои се преземаат преку средствата за јавно информирање, при што информациите во медиумите задолжително да бидат обезбедени на знаковен јазик и во пристапен формат, вклучително и пристапни дигитални технологии, и/или со користење лесно разбирлив и едноставен јазик, како и визуелна поддршка;

Надлежните институции да обезбедат и спроведуваат јасни протоколи за постапување во случај кога граѓани од споменатите категории ќе заболат, а особено доколку се работи за лице со попреченост. При тоа, особено е значајно сите овие категории особено лицата со попреченост да имаат еднаков пристап до здравствена заштита и услуги на рамноправна основа со другите, односно сите здравствени мерки за заштита на животот и третман не смеат да бидат дискриминаторски, по ниту еден основ;

Зајакнување на грижата за деца во ризик по различни основи со идентификација на причинителите на ризици, каде е можно, како и мониторинг на децата во ризик од експлоатација, насилство, злоупотреба и несоодветна грижа;

Преземање на дополнителни мерки и активности заради осигурување дека воведената он-лајн настава е достапна за секое дете, заради остварување на правото на непречено образование, затоа што недостигот на финансиките средства и технолошките можности може да бидат пречка секое дете/семејство да биде вклучен во новиот начин на воспитно-образовна надградба, имајќи ги притоа предвид и потребите на децата со попреченост како во посебните училишта така и во инклузивното образование;

Имајќи ги во предвид сознанијата во врска со состојбата на социјално загрозените лица без постојано живеалиште (бездомници) и без основни услови за живеење (лица и семејства кои живеат во субстандардни услови),  потребно е правовремено планирање на активности на надлежните органи за зајакнување на грижата на ова ранлива категорија на граѓани и обезбедување на непосредна  помош и поддршка, затоа што овие лица се соочени со крајно неповолна социо-економска состојба, и имаат потреба од помош во однос на подигање на свеста за заштита на сопственото здравје, заштита на нивните семејства, но и јавното здравје;

Преземање на дополнителни мерки за социјална заштита на споменатата категорија граѓани,  со цел да се обезбеди континуитетот на нужната поддршка, особено  за лицата со пореченост и нивните семејства на безбеден начин и во текот на кризата.

Народниот правобранител е свесен за предизвиците во однос на обезбедување на финансиска подршка на севкупните активности за справување со вирусот- Ковид 19, но имајќи ја предвид положбата  на ранливите категории граѓани и обврската за обезбедување навремена, целосна и соодветна грижа и поддршка  препорачува преземање мерки за дополнителна финансиска помош, со цел намалување на ризикот од дополнителна ранливост и сиромаштија.

Воедно, препорачува формирање на специјализирани сервиси кои ќе нудат директна поддршка на старите и изнемоштени лица, лицата со попреченост и нивните семејства, бездомниците, лицата/семејствата кои живеат во субстандардни услови , како и децата во ризик, односно обезбедување на социјални и здравствени сервиси наменети за овие лица, кои би вршеле и набавка на лекови, намирници, храна и хигиенски средства и друго.

Според Народниот правобранител, исто така од особено значење е востановување на специјализирани сервиси и услуги од страна на стручни лица (лекари, специјални едукатори и рехабилитатори, психолози, психотерапевти и специјалисти од други области) кои ќе нудат психо-социјална поддршка на оваа категорија граѓани користејќи современа технологија, и навремено укажување на потребната помош, со што би се придонело за намалување на последиците од социјалната изолација.

Доставувајќи ја оваа Препорака, согласно член 32 од Законот за народниот правобранител, Народниот правобранител за нејзиното имплементирање очекува да биде известен во разумен рок.


    
                                                          НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
                                                                       Иџет Мемети

Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија