Помагаме граѓаните на полесен начин да ги остваруваат нивните слободи и права, јавната администрација да стане вистински сервис и да се унапреди односот помеѓу органите на власта и граѓаните.

и на нашите принципи:

Јавно, чесно и стручно ги следиме и надгледуваме постапувањата на органите на власта.
Еднакви во односот со сите.
Професионални во работата, отворени за сугестии и спремни за постојано надградување.

Новости и настани

  • 15.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 15 ОКТОМВРИ -...

    повеќе
  • 09.10.2020

    СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

    повеќе
  • 06.10.2020

    ПОТСЕТУВАЊЕ И ПОРАКА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ПО ПОВОД 6 ОКТОМВРИ - СВЕТСКИОТ...

    повеќе
  • архива

Пофалби и поплаки

Е-Информатор



Новости и настани

26.03.2020

Скопје

ПРЕПОРАКИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ЛИЦАТА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА ОД ВИРУСОТ КОВИД-19

Согласно член 31 од Законот за народниот правобранител („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/2003, 114/2009, 181/2016, 189/2016 и 35/2018) „Народниот правобранител посебно внимание посветува на заштитата на уставните и законските права на лицата лишени од слобода.“

Согласно член 31-а од Законот за народниот правобранител, „Народниот правобранител - Национален превентивен механизам во вршењето на превeнцијата од тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување има надлежност редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од слобода, да дава препораки на релевантните органи со цел подобрување на постапувањето и условите во местата на лишување од слобода, како и да предлага измени и дополнување на законски прописи.“

Лишување од слобода значи која било форма на притворили затворање, или задржување на лица во јавни или приватни капацитети во кои на лицето не му е дозволено своеволно да ги напушти, а по наредба на судски, административен или друг орган (полициски станици, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, центри за сместување и задржување на мигранти, бегалци и баратели на азил, психијатриски болници, социјални установи, разни ново-воспоставени места, односноцентри и установи за сместување на лица во т.н. карантин и други места).

Имајќи ја предвид актуелната состојба и прогласувањето на вонредна состојба заради заштита и справување со последиците од вирусот Ковид-19Народниот правобранител – Национален превентивен механизам е свесен за специфичноста и интензитетот на предизвиците со коишто се соочуваат вработените во местата на лишување од слобода, но во рамки на својот мандат и надлежности, посебно истакнува и потсетува дека:

Забраната за тортура и друг вид на сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување е апсолутна и никакво отстапување од ваквата забрана не може да биде оправдано, под каквибило основи иоколности, па дури и во случаи на вонредна, воена или каквабило друга состојба на политичка нестабилност.

Имено, забраната за тортура и друг вид на сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување е императивна одредба која има специјален статус во меѓународната заштита на човековите права, содржана во голем број меѓународни и регонални договории дел од меѓународното обичајно право обврзувачко за сите држави.

Ваквиот карактер на забраната,истовремено наметнуваи позитивна обврска за државата од преземање на соодветни мерки за превенција од појава на какви било акти на тортура и друг вид на сурово, нечовечко и понижувачко постапување или казнување.

Во оваа смисла, Народниот правобранител – Национален превентивен механизам потенцира дека мерките и активностите што се преземаат заради заштита и справување со последиците од пандемијата на вирусот Ковид-19 не смее да резултираат со каков било нечовечки или понижувачки третман спрема лицата лишени од слобода и препорачува надлжените власти во постапувањето со овие лица да ги имаат предвид принципите на Европскиот комитет за спречување од торутра:

           1) Основен принцип мора да биде преземањето на сите можни активности за да се заштити здравјето и личната сигурност на сите лица лишени од слобода. Преземањето на вакви активности истовремено придонесува и до зачувување на здравјето и личната сигурност на персоналот.
           2) Мора да се почитуваат препораките/насоките на Светската здравствена организација во борбата против пандемијата, како и домашните препораки за клиничко лекување и заштита на здравјето, усогласени со меѓународните стандарди.
           3) Потребно е да се зголеми бројот на расположлив персонал и на овој персонал да му се обезбеди целокупната стручна поддршка, здравствена заштита и лична сигурност, како и неопходна соодветна обука за да биде способен да ги исполни своите обврски во местата на лишување од слобода.
           4) Какви било рестриктивни мерки преземени во однос на лицата лишени од слобода со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 треба да бидат законски основани и неопходни, пропорционални, да го почитуваат човечкото достоинство и да бидат временски ограничени. Лицата лишени од слобода треба да добијат сеопфатни информации, на јазикот што го разбираат, за сите такви мерки.
           5) Од причина што блиските контакти придонесуваат за ширење на вирусот, сите надлежни органи треба да вложат конкретни напори за примена на алтернативи на лишувањето од слобода. Ваквиот пристап треба да биде императив, особено во ситуациите на прекубројност во капацитетите. Понатаму, надлежните власти треба повеќе да ги користат алтернативите на притворот, преиначувањето на казните, предвремениот отпуст и пробацијата, повторното преиспитување од потребата за понатамошно присилно сместување на психијатриските пациенти, отпуст или пуштање на корисниците од домовите за социјално згрижување на нега во заедицата, кое и да е решение поприфатливо, а особено да се воздржуваат, во најголема можна мера, од притворањето/задржувањето на мигранти.
           6) Во однос на пружањето здравствена заштита, потребно е да се посвети посебно внимание на специфичните потреби на задржаните лица со посебен осврт на ранливите и/или ризичните групи, како што се старите лица и лицето со веќепостоечки здравствени проблеми. Ова, подразбира, покрај другото, скрининг за постоење на вирусот Ковид-19 и овозможување начини за пружање интензивна него, ако тоа е потребно. Понатаму, во вакви времиња на задржаните лица треба да им се пружи дополнителна психолошка помош и поддршка од страна на персоналот.
          7) Иако е легитимно и разумно да се суспендираат некои активности што не се од суштинско значење, основните права на задржаните лица и во текот на пандемијата мора целосно да се почитуваат. Ова, посебно го вклучува правото на одржување соодветна лична хигиена (вклучително пристап до топла вода и сапун) и правото на дневен пристап на свеж/отворен воздух (во траење од барем 1 час). Понатаму, секоја рестрикција во контактите со надворешниот свет, вклучително и посетите, мора да бидат компензирани со зголемен пристап до алтернативни начини на комуникација (како што е телефонската или комуникацијата по пат на интернет/Voice-over-Internet-Protocol).
           8) Во случаите на изолација или сместување во карантин на задржано лице коешто е инфицирано или за коешто постои сомневање дека е инфицирано со вирусот SARS-CoV-2, на конктретното лице треба да му се овозможи секојдневен значаен контакт со други лица.
           9) Фундаменталните механизами за заштита од злоставување/несоодетен третман на задржаните лица од страна на официјалните лица надлежни за спроведување на законите (пристап до адвокат, пристап до лекар, известување за лишувањето од слобода/задржувањето) мора во целост да се почитуваат во сите околности и во секое време. Мерките на претпазливост (како што се барањето од лицата со симптоми да носат заштитни маски) може да бидат соодветно решение во некои случаи.
         10) Мониторингот што го вршат независните тела, вклучувајќи ги националните превентивни механизами (НПМ) и Европскиот комитет против тортура (КСТ) и понатаму остануваат основните механизми за заштита против каков било облик на несоодветен третман. Државите треба да продолжат да го гарантираат пристапот до сите места на лишување од слобода, вклучително и до местата во коишто лицата се држат во карантин. Сите мониторинг тела треба, исто така, да ги преземаат сите мерки на претпазливост, придржувајќи се до принципот „да не се наштети“, особено во случаите кога се работи со постари лица и лица со веќе постоечки здравствени проблеми.

                                                                                
                                                                                                 НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ
                                                                                 НАЦИОНАЛЕН ПРЕВЕНТИВЕН МЕХАНИЗАМ




Пребарување

Кaлендар на настани

октомври 2020
П В С Ч П С Н
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

Анкета

Дали и колку во Република Македонија се почитуваат правата на лицата со посебни потреби?


Blog





Посетители online: 1
© 2011 Народен правобранител на Република Македонија